Зегин ДОО Скопје лого

Додај во омилени

Добивај е-маил известувања за секој нов оглас.

ПРАВНИК

За компанијата: Зегин ДОО е првата приватна компанија во Република С. Македонија регистрирана за продажба на лекови. Како една од најуспешните и најголемите компании кај нас, со најдобра инфраструктура и најголема дистрибутивна... повеќе за компанијата »

Го прошируваме нашиот тим, охрабрете се и аплицирајте за отворената позиција: Правник 

Потребни квалификации:

  • Завршен Правен факултет
  • Најмалку 2 години релевантно работно искуство
  • Предност ќе имаат кандидатите со Положен правосуден испит
  • Одлично познавање на законската и подзаконската регулатива
  • Развиени аналитички способности, прецизност и висок степен на професионалност
  • Одговорност, самостојност и способност за организација и почитување на рокови
  • Одлични комуникациски и организациски вештини

Одговорности:

  • Изготвување, анализа и ревизија на договори, правни документи и останата деловна документација
  • Следење на законските прописи
  • Давање правни мислења и стручна поддршка за потребите на тековното работење
  • Анализа на измените во законската и регулаторната рамка и иницирање активности за усогласување со новите барања
  • Одржување професионална комуникација и координација со државни органи, институции, деловни соработници и надворешни правни консултанти
  • Проценка, превенција и следење на потенцијалните правни и регулаторни ризици
  • Креирање, ажурирање и имплементација на внатрешни акти, процедури и политики во согласност со важечките прописи и потребите на друштвото

Што нудиме:

  • Стимулативна плата и бенефиции
  • За најдобрите вработени - наградно патување
  • Иновативна работна средина и мотивирачка организациска култура
  • Настани и активности за добросостојба на вработените (Employees wellbeing)
  • Континуиран професионален развој преку учество на симпозиуми, конференции и континуирани обуки
  • Работно време: Понеделник - Петок; (флексибилно работно време)

Доколку сте енергични, храбри и полни со ентузијазам за личен развој и напредување и поседувате професионални компетенции за успешно работење во областа наведена погоре, Ве покануваме да аплицирате преку полето ПРИЈАВИ СЕ со прикачување на Вашата биографија на македонски јазик.

Останати огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »