Промовирани огласи »

Караванот „Добра игра. Фер плеј“ продолжува: Lidl отвара нови можности за вработување во Штип, Струмица и Струга

Lidl отвора нови можности за работа во Македонија: На ред се Штип, Струмица и Струга!

Лидл Македонија продолжува со кампањата за вработување „Добра игра. Фер плеј“ и ги поканува заинтересираните кандидати од Штип, Струмица, Струга и околните населени места, да се запознаат со можностите за работа во маркетите што компанијата ќе ги отвори во овие градови. Кандидатите имаат можност да ја започнат или да ја продолжат својата професионална приказна во еден од најголемите европски малопродажни синџири, во работна средина заснована на фер однос, почит и тимска поддршка, во која секој вработен е важен дел од тимот.

На претстојните средби сите заинтересирани ќе можат лично да се сретнат со претставници на Lidl, да добијат информации за отворените работни позиции, условите и процесот на селекција, како и да аплицираат за вработување.

Средбите и интервјуата со кандидатите ќе се одржуваат секој работен ден, заклучно со 30 октомври 2026 (петок), од 09.00 до 16.00 часот, на следните локации: хотел „Оаза“ во Штип, хотел „Пандев“ во Струмица и хотел „Мираж“ во Струга.

Lidl на своите вработени им нуди конкурентна и загарантирана плата, приватно здравствено осигурување, современи услови за работа и стабилна работна средина. Сите вработени работат според јасни правила и процеси и имаат можности за учење и кариерно унапредување.

Посебно внимание се посветува на подготовката на секој нов член на тимот. Новите вработени во маркетите на Lidl минуваат низ структуриран процес на воведување во работата и сеопфатна професионална обука за стекнување практични знаења и вештини. Обуката за секојдневните работни задачи ќе трае од шест до осум недели и ќе се спроведува во Македонија, со постојана поддршка во текот на целиот процес.

Тагови: Лидл Северна Македонија дооел

Промовирани огласи »

Нови кариерни можности во Гранит!

Погледнете ги сите огласи за вработување во Гранит!

ГД Гранит АД Скопје e најголемиот македонски градежен изведувач, чија основна дејност е изградбата на патишта и автопатишта, бренд кој е препознатлив и надвор од границите на Република Македонија. 

Моментално вработува:

Деловен секретар/ка
Градежен Техничар
Градежен инженер
Раководител на теренска лабораторија
Дипломиран Градежен инженер со 5 год искуство
Дипломиран Градежен инженер без искуство

Се уште невработени?! Сите останати активни работни места можете да ги најдете ТУКА.

Тагови: Гранит АД

Промовирани огласи »

Германија воведува штедење за пензија од детство: По 10 евра месечно за деца од 6 години

Нова германска програма предвидува државни уплати за деца од 6 до 18 години, а вложените 1.440 евра теоретски би можеле да пораснат на околу 53.000 евра до пензија.

Германија планира од 1 јануари 2027 година да започне нова програма за рано пензиско штедење, според која државата ќе уплаќа по 10 евра месечно за деца на возраст од шест до 18 години. Средствата ќе се инвестираат на пазарот на капитал, а според пресметките на германското Министерство за финансии, вкупната државна поддршка од 1.440 евра по дете би можела до 65-годишна возраст да достигне околу 53.000 евра. Сепак, станува збор за теоретска проекција заснована на годишен принос од седум проценти, без гаранција за добивка и без пресметани инфлација и даноци.

Мерката прво ќе важи за децата родени во 2020 година, кои во 2026 полнат шест години, а потоа секоја година ќе се вклучува нова генерација шестгодишници. Условите вклучуваат живеалиште во Германија и даночен идентификациски број. Родителите ќе можат да отворат посебна инвестициска сметка кај овластена приватна институција, додека во спротивно државата автоматски ќе ги инвестира средствата во фондот „Frühstartrente“, со кој ќе управува Бундесбанк. Дозволени ќе бидат и дополнителни приватни уплати до 6.840 евра годишно.

Според предлог-законот, средствата ќе бидат наменети исклучиво за пензиско штедење и нема да можат слободно да се повлекуваат, освен во одредени случаи како финансирање сопствен дом. Приносите нема да бидат загарантирани, а евентуалните загуби нема да ги покрива државата. Германската влада проценува дека програмата ќе чини 198 милиони евра во 2027 година, а до 2030 годишниот трошок би можел да порасне на 411 милиони евра, со вкупен трошок од околу 1,2 милијарди евра за првите четири години.

Тагови: Германија деца

Промовирани огласи »

Викендов почнува зимското сметање на времето: Часовниците се враќаат еден час назад

Во недела наутро добиваме дополнителен час сон, но и порано стемнување. Еве кога точно се менува времето и како полесно да се приспособите.

Македонија викендов преминува на зимско сметање на времето, па во ноќта меѓу сабота и недела, на 25 октомври 2026 година, во 3 часот по полноќ часовниците ќе се вратат на 2 часот. Тоа значи дека граѓаните ќе добијат дополнителен час за спиење, но и дека деновите ќе изгледаат пократки поради пораното стемнување. Веќе од недела, зајдисонцето ќе биде во 16:37 часот, за разлика од сабота кога сонцето заоѓа во 17:39 часот.

Иако многумина се радуваат на еден час повеќе одмор, промената на времето може привремено да влијае врз биолошкиот ритам. Кај дел од луѓето може да се јават замор, поспаност, потешкотии со заспивањето или будењето и намалена концентрација. Експертите советуваат во деновите по промената да се одржува редовен распоред на спиење, да се поминува повеќе време на дневна светлина и да се избегнува прекумерно внесување кофеин во вечерните часови.

Зимското сметање на времето ќе трае до 28 март 2027 година, кога часовниците повторно ќе се поместат еден час нанапред. Повеќето паметни уреди автоматски ќе ја регистрираат промената, но ѕидните и рачните часовници ќе треба да се наместат рачно. Иако часовникот се поместува, природното скратување на денот продолжува постепено во текот на есента, сè до зимската краткоденица во декември.

Тагови: зимско сметање на времето

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »