
За компанијата: Компанијата ARREGLO се занимава со одржување на објекти од областа на градежништвото и помалите поправки на домаќинствата.
повеќе за компанијата »- Објавен пред 3 месеци
- Arreglo d.o.o.
- Активен до 26.02.2025
- Позиција: Градежник и мајсторски работи
- Локација: Друга држава
- Телефон: +385993399300
За нас:
Фирмата АРРЕГЛО се занимава со одржување на објекти во областа на завршни работи во градежништво и ситни поправки во домот.
Партнери сме на неколку големи трговски ланци за кои извршуваме техничко одржување и занаетчиски градежни работи. Фирмата својата дејност ја извршува на подрачјето на Славонија и Далмација.
Подрачјето на Славонија се опслужува од Вуковар, додека Далмација од Каштел Сучурац.
Опис на работа и одговорности:
- Преку паметен телефон се добива налог за извршување на поправка.
- За извршување на налог се излегува на терен во тим од двајца работници, едниот е задолжен со службено возило на фирмата.
- Се извршуваат ситни поправки, измени и доградби внатре и надвор од објектот на кој се работи.
- Одговорност за квалитетот на завршената работа.
- Извршување и на други дополнителни работи согласно со издадениот налог од претпоставениот раководител.
Што очекуваме:
- Извршување на занаетчиски работи при одржување на објектите. (водоводџиски, полочкарски, молеро-фарбарски, гипс-картон и др.)
- Мотивиран, одговорен и исполнителен.
- Да бидете тимски работник и да поседувате соодветни комуникациски вештини.
- Активен возач, да поседувате возачка дозвола Б категорија.
- Да користите паметен телефон и мејл.
- Претходно работно искуство на исти или слични работни позиции.
- Способност за организирање на работата.
- Усно и писмено познавање на Хрватски јазик.
- Самоиницијативност, исполнителност и чесност.
- Брзо решавање на проблемите.
Што нудиме:
- Постојана работа (не се однесува за сезонска работа)
- Стимулативна заработувачка
- Сместување во двокреветна соба со висок квалитет
- Службен мобилен телефон и работна униформа
- Се грижиме еден за друг и даваме поддршка за тимот.
- Имаме разбирање за приватни потреби (одење дома со претходен договор)
Потребен број: 2 лица
Контактирајте нѐ на:
АРРЕГЛО ДОО
+385 99 3399300- Viber, Whatsapp
[најави се за да го видиш е-маилот]
Останати огласи »