За компанијата: ПроКредит е германска развојно ориентирана банка со присуство во Источна и Југоисточна Европа, посветена на поддржување микро, мали и средни претпријатија (ММСП) и физички лица, како и на поттикнување...
повеќе за компанијата »ПроКредит Банка е германска развојно ориентирана банка со присуство во Источна и Југоисточна Европа, посветена на поддржување микро, мали и средни претпријатија (ММСП) и физички лица, како и на поттикнување економски раст и одржлив развој.
Објавуваме оглас за платена пракса во нашиот Оддел за администрација. Доколку сте мотивирани, одговорни и заинтересирани за стекнување практично искуство во банкарскиот сектор, ова е одлична можност за вас!
🗓️ Период на практична работа: од 01.12.2025 до 31.12.2025
📍 Локација: Централна управа на ПроКредит Банка
📋 Обврски: административна поддршка, попис, организација на документи, работа со интерни системи и помош при секојдневните активности на одделот.
🎯 Профил на кандидат:
- Студенти од прва до четврта година
- Основно познавање на MS Office
- Тимски дух и комуникативност
📨 Заинтересираните кандидати може да испратат кратка биографија на [најави се за да го видиш е-маилот] најдоцна до 13.11.2025 година.