
За компанијата: СИГМАТЕЛ Д.О.О. е систем интегратор за комуникациски решенија, со искуство во дизајнирање иновативни мрежни решенија и обезбедување напредни професионални услуги.
На нашите клиенти нудиме решенија за...
повеќе за компанијата »Инженер за телекомуникации
Цел на работното место е: Планирање, организација, имплементација и контрола на изведбата на проектите. Координација на активностите со сите вклучени сектори за оптимално задоволување на временските рокови усогласени со клиентот и реализација на проектот.
Квалификации:
- Високо образование факултет за електортехника и информациски технологии;
- Познавање на ИТ, телекомуникациски и други современи технологии;
- Познавање на работењето и управувањето со IP мрежи (комутирање, рутирање, протоколи за рутирање, отстранување проблеми и решавање проблеми во податочни мрежи);
- Работно искуство во инсталација, пуштање во работа, одржување и детекција на грешки на комуникациска IP мрежна опрема, SDH, MPLS и VoIP технологии;
- Способност за работа во ограничени и интензивни временски рамки;
- Задолжително познавање на компјутерски мрежи
- Возачка дозвола од категорија Б;
- Задолжително познавање на англиски јазик (пишан и говорен);
Работни задачи и одговорности:
- Планирање и имплементација на решенија, IP, SDH, MPLS и VoIP;
- Следење на развојот на мрежните технологии;
- Тестирање на перформанси на опрема од различни производители;
- Одржување на широкопојасни мрежи;
- Посета на локации за имплементација на проекти од телекомуникации;
- Интервенција во случај на дефекти;
- Поддршка на продажни активности и презентации на корисници;
Вештини и способности:
- Високо изразени организациски способности
- Планирање и анализа на детали кон формирање план за реализација способност за читање технички цртежи и работа со документација
- Способност за комуникација со луѓе на различни позиции, градење авторитет, лидерски вештини, способност за брзо носење одлуки
- Напредно ниво за работа со Microsoft Office.
Ние нудиме:
- Работат во динамична, модерна и релаксирана средина;
- Можност за дополнително образование и обука;
- Редовно и стимулативно плаќање;
- Договор за вработување на определено време со можност за вработување на неопределено време;
Потребни документи:
- Професионална биографија /СV,
Потребните документи да се испратат на: [најави се за да го видиш е-маилот] до денот на важност на овој оглас.
Слични огласи »