
За компанијата: Компанијата ЕСИ (Employment Services International) е присутна на пазарот од мај 2007, како агенција за услуги кои се однесуваат на човечките ресурси.
Наша цел е да понудиме комплетни решенија за раководење...
повеќе за компанијата »За вработување кај наш реномиран клиент, ОКТА АД – Скопје, која е членка на една од водечките енергетски групации во Југоисточна Европа – Групацијата Хеленик Петролеум и воедно најголем снабдувач на горива во земјата, бараме:
Инженер за оперативна поддршка (Реон Скопје)
РАБОТНИ ЗАДАЧИ:
- Следење, одржување и подобрување на квалитетот на нафтените деривати во складишните резервоари во ОКТА и на бензинските пумпи на ОКТА, на основа на резултатите од лабораториските анализи и законските прописи за квалитет на горива по сезони;
- Следење на планираните количини за снабдување на нафтените деривати во ОКТА и организација на активности во врска со дневно планирање на приемот, складирањето, дистрибуцијата и проверката на квалитетот на нафтените деривати во соодветни лаборатории за испитување на квалитетот;
- Организација и координација на технолошките процеси за омекнување на вода, снабдување на ОКТА со вода, производство на техничка и хидрантска вода и обработка на отпадните води;
- Следење на примената и потрошената количина на вода, квалитетот на хлорираната и нехлорирана вода, количината и квалитетот на испуштена отпадна вода, набавката и потрошувачката на хемикалии;
- Анализа на техничко–технолошки податоци со цел подобрување на економичноста на технолошките процеси како и обезбедување добра, безбедна и економична работа на постројките;
- Изготвување на работни упатства и процедури за раководење со технолошките процеси, измена и дополнување на истите;
- Организација на обработката на податоци, издавањето на извештаи и предлозите за оптимизација на работењето на различните постројки и работни единици во рамките на оперативните сектори;
- Периодични проверки на спремноста на сменскиот персонал;
- Контрола на функционирањето на постројките, редовното пуштање во работа на постројките и решавање на хаваријните ситуации;
- Планирање и реализација на редовни и вонредни ремонтни активности и старт на постројките после нивна реализација;
- Водење грижа за редот, чистотата и дисциплината во објектите и нивната околина;
- Примена на законски и други прописи од одредена област;
- Извршува други задачи во доменот на стручната квалификација.
БАРАНИ КВАЛИФИКАЦИИ:
- Висока стручна спрема – ВСС, Технолошко-металуршки факултет – Органски насоки, Природно – математички факултет – насока Хемија;
- Претходно работно искуство не е задолжително. Доколку кандидатот има претходно работно искуство во делот на работа со нафтени деривати, работа со пречистителни станици за отпадна вода, работа со хемикалии и сл. истото ќе се смета за предност;
- Познавање на видови и својства на дериватите ќе се смета за предност;
- Познавање MS Office (Excel, Word, Power Point);
- Познавање деловен англиски јазик;
- Возачка дозвола, Б-категорија
БАРАНИ ВЕШТИНИ И СПОСОБНОСТИ
- Посветеност и самоиницијативност;
- Добри комуникациски и организациски вештини;
- Педантност и спретност;
- Аналитички способности;
- Ориентираност кон тимска работа;
- Кооперативност и одговорност;
- Способност за логицирање;
- Вештина за донесување одлуки;
ПОНУДА:
- Работа во позитивна средина со можност за напредување
- Конкурентна нето плата
- Интерна обука со постојан надзор од инженер
- Полно работно време од 07:00-15:00 часот
- Организиран превоз од компанијата, до и од работно место
- Организирана исхрана од компанијата
Други бенефиции согласно политиките на компанијата.
Доколку ги исполнувате наведените критериуми, своите биографии испратете ги на [најави се за да го видиш е-маилот] и наведете ја позицијата „ИНЖЕНЕР ЗА ОПЕРАТИВНА ПОДДРШКА“ за која аплицирате.
ЕСИ (Employment Services International)
ул. Костурски херои 62/1,1000 Скопје
T: +389 2 3246-899, Ф: +389 2 3246-897
[најави се за да го видиш е-маилот] , www.esi.mk
Слични огласи »