Потребни квалификации:
- ССС / ВСС
- Претходно работно искуство од мин. 2 год. на иста или слична позиција
- Искуство во развој и промовирање на брендови
- Одлично познавање на англиски јазик (пишување и говорење)
- Преговарачки и комуникативни способности
- Компјутерски способности – MS Office пакетот
- Задолжително поседување на возачка дозвола Б-категорија
- Искуство во развој на производи, стратешко планирање и имплементирање на продажбата на истите
- Одлични вештини на комуникација, пишана и вербална
- Ориентираност кон рокови и способност за извршување на повеќе активности истовремено.
Одговорности и задачи:
- Стратешко планирање и развој на постоечки и нови брендови
- Следење и анализирање на тековните трендови и маркетинг активности
- Иницијативност и координативност при промовирање на брендовите
- Блиска корелација и соработка со генералниот менаџер и продажен сектор
- Посета на клиенти и контрола на развојот на производите и нивната продажна динамика.
На кандидатите им нудиме:
- Атрактивни месечни примања
- Можност за професионален развој и унапредување
- Неделно работно време од понеделник до петок.
Сите заинтересирани кандидати може да аплицираат до 16.10.2017 год. на [најави се за да го видиш е-маилот] .
„Евро Стил Трејд“ е компанија за дистрибуција, специјализирана за директна достава до повеќе од 3,500 малопродажни објекти низ Македонија, чиешто седиште на канцелариите и магацинот се наоѓа во Скопје. Компанијата е основана во 2007 година како партнерство меѓу „Евро Стил“ – трговска компанија со повеќе од 10 години искуство во трговијата во Македонија и „Амперел ЛТД“ – една од водечките дистрибутерски компании во Бугарија.
Компанијата „Евро Стил Трејд“ располага со тим од високо тренирани дилери и ефикасна логистика, благодарение на што остварува партнерство со водечки глобални и регионални компании. Активни канали на дистрибуција на „Евро Стил Трејд“ се: супермаркетите, маркетите, парфимериите, аптеките, магацините за храна и козметика, супермаркетите за техника и бензинските станици.
Она со што особено се гордее „Евро Стил Трејд“ е континуираната посветеност на:
Динамично ширење на дистрибуцијата и портфолиото на брендовите.
Флексибилност и подготвеност за брзо одговарање на барањата на пазарот.
Долгорочна посветеност на развојот на производите: од почнувањето со работа до сериозно пробивање на производите на пазарот.
Градење силна и долгорочна партнерска врска.
*Генерални увозници за: Панасоник, Осрам, Евијап, Солвекс, ГлаксоСмитхКлајн (дентална хигиена).
Web site : http://evrostiltrejd.com.mk/