Мотиви лого

Додај во омилени

Добивај е-маил известувања за секој нов оглас.

Помошник / асистент за монтажа на климатизациона опрема

За компанијата: Со посветеност која трае веќе 15 години, со иновативни и сеопфатни услуги, Мотиви успешно им служи на најголемите компании на нашиот пазар и овозможува креирање на успешни работни односи. Од самиот почеток... повеќе за компанијата »

ПОМОШНИК / АСИСТЕНТ ЗА МОНТАЖА НА КЛИМАТИЗАЦИОНА ОПРЕМА

Мотиви за свој клиент бара Помошник / Асистент за монтажа на климатизациона опрема, кој ќе има можност да учи, да стекнува практични вештини и да се развива во областа на климатизацијата и вентилацијата.

Опис на работните задачи:

  • Помош при монтажа, сервисирање и одржување на опрема и системи за климатизација и вентилација

  • Асистирање при работа со топлински пумпи, VRF системи, мултисплит и сплит системи

  • Помош при монтажа и одржување на вентилациски системи

  • Подготовка на алати, материјали и опрема потребни за работа

  • Работа на различни објекти под надзор и насоки од поискусни колеги

Квалификации:

  • Претходно работно искуство не е задолжително

  • Мотивираност за учење и стекнување нови практични вештини

  • Одговорност, ангажираност и желба за тимска работа

  • Основни технички познавања се предност, но не се задолжителни

Аплицирање:

Сите заинтересирани кандидати може да аплицираат преку копчето за брза апликација.

Своите професионални биографии може да ги испратат и на: kariera@motivi.mk, или со порака на Viber: +389 75 372 465

Напомена:

Со испраќање на пријавата, кандидатот дава согласност компанијата да ги обработува неговите лични податоци во постапката за селекција во согласност со Законот за заштита на лични податоци.

Кандидатот, во секое време, може да ја повлече согласноста со испраќање известување на kariera@motivi.mk

Останати огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »