Мотиви лого

Додај во омилени

Добивај е-маил известувања за секој нов оглас.

Инсталатер / монтажер – производство на автобуси

За компанијата: Со посветеност која трае веќе 15 години, со иновативни и сеопфатни услуги, Мотиви успешно им служи на најголемите компании на нашиот пазар и овозможува креирање на успешни работни односи. Од самиот почеток... повеќе за компанијата »

ИНСТАЛАТЕР / МОНТАЖЕР – ПРОИЗВОДСТВО НА АВТОБУСИ

Бараме Инсталатер / Монтажер кој ќе учествува во монтажа на различни компоненти и системи при производството на автобуси.

Работни задачи:

  • Монтажа на внатрешни и надворешни компоненти на автобуси.
  • Монтажа на седишта, врати, прозорци, подови и друга опрема.
  • Инсталација и монтажа на системи за греење, ладење и климатизација.
  • Користење рачни алати и опрема за монтажа.
  • Проверка на правилното поставување и функционалноста на монтираните компоненти.

Потребни квалификации:

  • Средно стручно образование е предност.
  • Претходно искуство во монтажа, инсталација или производствена дејност е предност.
  • Познавање на рачни алати и основни техники на монтажа.
  • Прецизност, одговорност и способност за тимска работа.

 

Аплицирање:

 

Сите заинтересирани кандидати може да аплицираат преку копчето за брза апликација.

Своите професионални биографии може да ги испратат и на: kariera@motivi.mk, или со порака на Viber: +389 75 372 465

Напомена:

Со испраќање на пријавата, кандидатот дава согласност компанијата да ги обработува неговите лични податоци во постапката за селекција во согласност со Законот за заштита на лични податоци.

Кандидатот, во секое време, може да ја повлече согласноста со испраќање известување на kariera@motivi.mk

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »