СТУДИО МОДЕРНА ДООЕЛ Скопје лого

Додај во омилени

Добивај е-маил известувања за секој нов оглас.

Продажни агенти - Скопје

За компанијата:

СТУДИО МОДЕРНА ДООЕЛ Скопје е дел од меѓународната групација Studio Moderna и една од водечките компании за мултиканална продажба на производи за домот, здравјето, удобноста и секојдневниот живот. Со... повеќе за компанијата »

Знаеш да комуницираш со луѓе и сакаш твојот труд да се исплати?

Придружи ни се во Студио Модерна – компанијата зад добро познатите брендови Dormeo, Delimano, Top Shop и уште многу други производи што се дел од секојдневието на нашите клиенти.

Поради проширување на тимот, бараме ПРОДАЖНИ АГЕНТИ – СКОПЈЕ кои сакаат да учат, да постигнуваат резултати и да заработуваат според својот учинок.

Што ќе биде твојата улога?

  • Комуникација со постоечки клиенти и препознавање на нивните потреби

  • Презентација на производи и реализација на продажба

  • Градење доверба и одржување долгорочни односи со клиентите

  • Работа кон поставени цели и остварување резултати

Што добиваш од нас?

  • Фиксна плата + бонуси според остварениот учинок

  • Можност за заработка од 50.000 денари и повеќе

  • Платен минат труд

  • Дупла дневница за работа во недела и на празник

  • Целосно платена обука – претходно искуство не е потребно

  • Можности за професионален развој и напредување

  • Работа во стабилна и долгогодишна компанија

  • Поддршка од искусен тим кој ќе ти помогне да ги развиеш своите вештини

Кого бараме?

  • Комуникативни и позитивни личности

  • Амбициозни кандидати кои сакаат да постигнуваат резултати

  • Тимски играчи со желба за учење и напредување

  • Луѓе кои се подготвени да прифатат предизвик и да се развиваат

Не мора да имаш искуство во продажба – важно е да имаш желба да научиш!

Ако се препознаваш во оваа можност, испрати го своето CV со клик на АПЛИЦИРАЈ.

Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор.

Останати огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »