ЕСИ (Employment Services International) за потребите на една агрономска фирма која се бави со земјоделие, и која континуирано вложува во унапредување на механизацијата за обработка на земјоделските култури, објавува оглас за работна позиција:
Агроном - Реон Гевгелија
РАБОТНИ ЗАДАЧИ И ОДГОВОРНОСТИ:
- Ги насочува комитентите на квалитетно и навремено извршување на сите агротехнички операции;
- Изготвува план на активности на неделно и месечно ниво;
- Врши внесување на податоци од терен во годишни картони;
- Контрола на сите процеси на насадите;
- Создава и одржува директни контакти со комитентите.
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ, ВЕШТИНИ И СПОСОБНОСТИ:
- Завршено високо образование од областа на агрономијата;
- Претходно работно искуство во областа;
- Познавање на англиски јазик;
- Одлично познавање на MS Office;
- Активен возач, Б-категорија;
- Добра психо-физичка подготвеност;
- Комуникациски вештини, ориентираност кон тимска работа, доверливост, чесност, лојалност, непристрасност, одговорност.
НУДИМЕ:
- Работно време: 40 часа неделно;
- Времетраење на вработувањето: 6 месеци со можност за продолжување
- Следење на континуирани обуки
- Годишен одмор според законски одредби
Доколку ги исполнувате наведените критериуми, своите биографии испратете ги на [најави се за да го видиш е-маилот] и наведете ја позицијата за која аплицирате.
ЕСИ (Employment Services International)
ул. Костурски херои 62/1,1000 Скопје
T: +389 2 3246-899, Ф: +389 2 3246-897
[најави се за да го видиш е-маилот] , www.esi.mk