Друштво за производство на акумулатори ТАБ МАК лого

Координатор за систем на управување со квалитет и животна средина (ISO 9001 и ISO 14001)

За компанијата: Друштвото за производство на акумулатори ТАБ МАК ДООЕЛ Пробиштип е една од водечките компании во североисточниот регион на Република Северна Македонија. Работи успешно, гарантира долгорочна стабилност. ТАБ МАК ДООЕЛ Пробиштип е општествено одговорна коомпанија која се грижи за чиста и безбедна работна средина според европски стандарди (ISO 14001, ISO 9001). ТАБ МАК ДООЕЛ Пробиштип поради зголемување на производствениот капацитет, има потреба од проширување на својот тим и распишува оглас на следниве работни позиции

Координатор за систем на управување со квалитет и животна средина (ISO 9001 и ISO 14001)

Опис на работно место:

  • управување со индикаторите за успешност на КЖС и следење на постигнатото ниво на квалитет и управување со животната средина;
  • планирање на внатрешни ревизии на управување со квалитет и животна средина (КЖС) и спроведување на ревизии кај добавувачите;
  • координирање на годишни аудити
  • иницирање превентивни, корективни мерки за подобрување на производи, процеси и системи;
  • воспоставување на континуирано подобрување во целата организација и охрабрување на сите вработени за постојано подобрување на КЖС системот;
  • развивање и воведување методи и техники за обезбедување на квалитет во друштвото;
  • соработка со купувачите и добавувачите при дефинирањето на барањата за квалитет и прашањата поврзани со системите за управување;
  • учество и работа во професионални тимови, учество во поединечни активности (план за подобрување на управувањето на квалитетот и управување со животна средина), корективни и превентивни мерки, внатрешни ревизии...);
  • соработка во развојот на нови технологии на производи и пробно производство, контролна, тестирачка, мерна и опрема за испитување;
  • управување со пропишана документација, подготовка на извештаи и работа со документација; 

Квалификации:

  • ВСС – VII степен на образование од техничка, организациска, економска, металуршка или хемиска насока
  • специфични знаења од областа на системите за управување со квалитет (познавање ISO стандард 9001:2015 и 14001:2015)
  • добро познавање на законодавство и професионалните стандарди, вклучително и прописите за здравје и безбедност при работа
  • способност за управување со процеси и проект
  • Одлично познавање на англиски јазик и MS Office пакет
  • Организациски, управувачки, комуникациски вештини и способност за работа во тим
  • Со работно искуство

Компанијата нуди:

  • Редовни месечни примања
  • Континуирана обука и можност за напредување
  • Регрес за летен одмор чија висина се утврдува секоја година со одлука на раководството (во 2025 година исплатен е максимален регрес во висина од 49.171,00 денари);
  • Новогодишенен бонус  чиј износ се утврдува на крајот на календарската година врз основа на успешноста од работењето (во 2024 година исплатен е новогодишен бонус во износ од 30.500,00 денари);
  • Додаток за работен стаж во износ од 0,5% за секоја година работен стаж;
  • Прекувремена работа, ноќна работа, работа во смени се плаќа согласно позитивните законски прописи во државата;
  • Трет дополнителен пензински фонд (се исплаќа по 3 месеци работен стаж во фирмата и во износ од 3% );
  • Дополнително приватно здравствено осигурување (по 3 месеци работен однос);
  • Колективно осигурување од незгода;
  • Организиран превоз или покриени патни трошоци
  • Организирана исхрана во фабриката (достапни се неколку менија);
  • Обезбедена ХТЗ опрема, чиста и безбедна работна средина (перална и тушеви во фабрика, по завршување на работна смена);
  • Новогодишен подарок за секој вработен;
  • Роденденски подарок за секој вработен;
  • Јубилејна награда 10 години;
  • Можност за патување за Ден на фабирка за најдобри работници;

Доколку ги исполнувате условите, имате претходно искуство или верувате дека сте вистинската личност за наведената работна позиција, испратете кратка биографија (CV) на e-mail: [најави се за да го видиш е-маилот] , или лично во просториите на ТАБ МАК, на ул. Македонски револуционери бр.50, Пробиштип, најдоцна до 31.08.2025 година, со назнака за позиција за која се аплицира.

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »