Scout Outdoor Shop лого

Бренд Менаџер

За компанијата:

Најсовремена, специјализирана продавница за секаков вид на аутдор опрема, облека и обувки од врвни светски брендови. Ние сме македонските “Оutdoor” пионери, кои нудат артикли од премиум брендови на кои можете да им верувате.

повеќе за компанијата »
  • Објавен пред 14 часа
  • Scout Outdoor Shop
  • Активен до 07.03.2026
  • Позиција: Комерцијалист/Агент
  • Локација: Скопје
  • Телефон: 023116627
  • Веб: scout.mk/
  • Facebook: линк

ВРАБОТУВАМЕ БРЕНД МЕНАЏЕР

Скопје – Ул. Ленинова бр.53

Работно време: понеделник – петок, 08:00 – 16:00

Прати CV на маил: [најави се за да го видиш е-маилот]

Зошто Герман ПХ?

Герман ПХ е водечка компанија за премиум велосипеди, ски опрема и врвна outdoor опрема, која со години гради репутација на квалитет, експертиза и врвна услуга. Работиме со најреномирани светски брендови и постојано ги следиме најновите трендови и технологии во велосипедизмот, скијањето и outdoor индустријата.

Нашиот тим го сочинуваат ентузијасти, професионалци и љубители на активниот животен стил, кои секојдневно поставуваат нови стандарди во продажбата, сервисот и грижата за клиентите. Кај нас ќе добиеш можност за професионален развој, континуирана едукација и работа во динамична, мотивирачка и модерна средина.

Доколку сакаш да бидеш дел од компанија која живее за спортот, природата и квалитетната опрема — Герман ПХ е вистинското место за тебе!

 Што нудиме:

  •  Конкурентна плата + бонуси според резултати
  •  Можности за патувања и посета на саеми надвор од Македонија
  •  Динамична работа со врвни брендови и тим мотивиран на резултати
  •  Слободни викенди и празници

Твоите задачи:

  •  Управување и следење на залихи, нарачки и испораки
  •  Комуникација и преговори со добавувачи
  •  Мониторинг на продажба и портфолио
  •  Анализа на резултати и предлози за подобрување
  •  Следење на пазар и трендови

Кого бараме:

  •  Искусен во Microsoft Office, особено Excel
  •  Универзитетска диплома
  •  Одлично познавање на англиски
  •  Силни комуникациски, аналитички и организациски вештини
  •  Флексибилна личност, способна за multitasking и динамична средина.

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »