Промовирани огласи »

Тетово домаќин на Global Digital City 2026: Млади таленти и бизнис партнерства во фокусот

Тетово се подготвува за Global Digital City 2026 – откријте како младите таленти ќе ја менуваат иднината!

На 25 и 26 февруари 2026 година, во просториите на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, во организација на ABSL, ќе се одржи „Global Digital City 2026“, регионален настан фокусиран на зајакнување на конкурентноста на ICT и BPO секторот преку млади таленти, партнерства и иновации.

Под мотото „Освојте конкурентска предност преку нови таленти и партнерства“, настанот ќе обедини компании од секторот на информатичка и комуникациска технологија, бизнис лидери, стартапи, млади професионалци, креатори на политики и претставници од академската заедница со цел поттикнување економски раст, вработување и долгорочна конкурентност на соодветните сектори во Северна Македонија и регионот.

„Global Digital City“ е конципиран како практична платформа каде дискусиите се насочени кон конкретни резултати. Првиот ден ќе биде посветен на панели и обраќања за иновации преку вештачка интелигенција, дигитални политики, развој на таленти и унапредување на конкурентноста на бизнисите. Во центарот на дебатата ќе биде усогласувањето на образованието со потребите на технолошкиот сектор, како и создавањето услови за развој и задржување на човечкиот капитал.

Вториот ден ќе биде ориентиран кон директна акција. Компаниите ќе ги претстават отворените позиции, ќе остварат средби со кандидати преку структурирани сесии како „speed networking“ и „business matchmaking“ и ќе реализираат интервјуа во посебно организирани простории. Паралелно ќе се одржат обуки и работилници за дигитални вештини и вработливост, а ќе функционира и изложбен простор за потпишување договори за соработка.

Со ваков пристап, „Global Digital City 2026“ има за цел да создаде конкретни врски меѓу бизнисите и младите таленти, генерирајќи реални можности за вработување и одржливи партнерства.

Настанот е поддржан од RECONOMY, регионална програма за инклузивен и зелен економски развој, финансирана од Swedish International Development Cooperation Agency (Sida) и имплементирана од HELVETAS Swiss Intercooperation во партнерство со Help – Hilfe zur Selbsthilfe и други регионални партнери.

Global Digital City 2026 се очекува да привлече учесници од Северна Македонија и регионот, позиционирајќи го Тетово како значајна точка на соработка меѓу бизнисот, образованието и новата генерација професионалци.

Тагови: Тетово

Промовирани огласи »

Сите скопски булевари ќе имаат „паметен зелен бран“ - моментално е во фаза на имплементација, вели Тошковски

Овој систем се очекува да ја забрза проточноста на возилата за околу 30%.

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски во синоќешното гостување во емисијата „Клик Плус“ на ТВ 21, коментирајќи го системот „Безбеден град“, изјави дека во Скопје, во фаза на имплементација е „паметен зелен бран“.

Во рамките на Скопје е во фаза на имплементација паметен зелен бран, кој со неговата целосна имплементарција, проточноста на сообраќајот треба да се зголеми, односно да имаме околу 30% побрза проточност на возила, кога овој паметен зелен систем ќе биде имплементиран. Станува збор за систем со кој ќе бидат опфатени сите булевари во рамки на градот Скопје, со што и тоа како ќе се подобри проточноста на возилата. Интензивно се работи на имплементирање на ова решение, истакна Тошковски, дополнувајќи дека истражувањата за тајмерите на семафорите и искуствата покажале дека тие се повеќе штетни отколку корисни.

Инаку, во однос на функционирањето на системот „Безбеден град“, Тошковски рече дека нема човек кој управува моторно возило во Скопје и кој што не ги гледа придобивките него.

Го нема веќе дивеењето по улиците, ги нема ненормалните брзини, и тоа се гледа. Ја нема таа нетрпеливост. Бројките на сообраќајните незгоди се намалуваат, бројките на повредени лица се намалуваат, целта која сакавме да ја постигнеме и тоа како има одѕив од јавноста, истакна меѓу другото министерот.

Тагови: зелен бран Панче Тошковски Сејф сити - Безбеден град

Промовирани огласи »

Какви временски услови се најавуваат?

Нестабилно време со јужен ветер – проверете ја прогнозата

Променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, додека на повисоките места врнежите ќе преминуваат во дожд и снег, а на планините ќе бидат претежно снежни. Поинтензивни врнежи се очекуваат во западните региони. Ќе дува умерен, на моменти засилен ветер од јужниот правец.

Во Скопје ќе преовладува променлива облачност со повремен дожд. Ќе дува умерен ветер од југоисток.

Временска прогноза за Скопје. За другите градови кликни ТУКА.

21.4.2026 Вторник   10° / 14° 07:46   21:23
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h
















14°
14°
14°
14°
13°
11°
10°
10°

3

4

4

4

4

3

2

2
22.4.2026 Среда   / 16° 07:44   21:24
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h
10°
10°
10°






10°
11°
13°
14°
15°
16°
16°
16°
15°
14°
12°
10°
10°



2

3

3

2

2

2

3

3

3

3

3

3

3

3

2

3

3

3

4

3

4

4

4

4
23.4.2026 Четврток   / 16° 07:43   21:25
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h










10°
12°
13°
14°
15°
15°
16°
16°
16°
15°
13°
11°



5

5

5

4

4

4

3

3

4

3

4

4

5

4

4

4

4

4

4

4

3

2

2

2

Промовирани огласи »

Која е Стефанија Насеска Попадинец? Раскажи ни повеќе за себе

Стефанија Насеска Попадинец е дипломиран моден дизајнер кој веќе 15 години ја гради својата кариера. Родена и израсната сум во Прилеп, во скромно семејство кое отсекогаш ме поддржувало и ми овозможувало да го развивам мојот талент. Моите родители направиле огромни жртви за да нè изведат мене и сестра ми на вистинскиот пат и да ни овозможат да се школуваме и да се надградуваме како професионалци. Затоа сум им бескрајно благодарна и, доколку би можела повторно да бирам родители, повторно би ги избрала нив.

Студиите по мода ги завршив на Академија Италијана, и токму оттаму започна мојата професионална модна приказна.

Кои беа првите чекори што те внесоа во светот на модата и дизајнот?

Отсекогаш сум имала дарба за цртање и полесно ми оделе предметите поврзани со креативност и уметност. Првиот контакт со дизајнот го имав уште во средношколските денови. Во гимназијата „Мирче Ацев“ во Прилеп, еден од изборните предмети ми беше дизајн. Токму на тие предавања од професорите по ликовна уметност разбрав дека постои нешто што се нарекува моден дизајн и дека тоа е цела наука која треба да се изучува, а не како што мислев јас – дека е доволно само да научам да шијам.

Тогаш за првпат почнав да си шијам гардероба за себе, да сечам и преработувам кошули од татко ми и да ги адаптирам, да изработувам накит. Морам да признаам дека за моите сограѓани и соученици бев доста чудна во поглед на стилот. Многу рано знаев што сакам да студирам, но факултет за моден дизајн кај нас не постоеше во тоа време.

Не верувам во случајности и сум убедена дека сè се случува со причина и тогаш кога треба – коцките сами се редат. Годината кога требаше да се запишам на факултет кај нас се отвори Академија Италијана, академија за мода од Фиренца, и мојата генерација имаше среќа да ги има најдобрите професори по мода од кај нас и од Италија. Наставата беше конципирана со фокус на пракса, па поголемиот дел од студентите стекнавме значајни знаења и вештини. Резултатите ги презентиравме пред истакнати модни имиња во Фиренца, секоја година на завршните модни ревии организирани од академијата.

Ова ни овозможи силна почетна основа и искуство, а понатаму, во текот на годините, секој од колегите различно го искористи тој „ветер во грб“.

Како би го опишала твојот стил – што е тоа што те прави препознатлива?

Секој од нас, дизајнерите, има свој печат, карактеристика по која е препознатлив. Јас се вбројувам меѓу дизајнерите кои создаваат ангажирана мода со тридимензионален пристап и реализација.

Кога започнав да работам на индивидуални колекции, обработував поопшти теми и инспирации. Колоритот во тој период беше моја препознатлива карактеристика и избиравав теми што мене и мојата публика нè правеа среќни.

Меѓутоа, во себе отсекогаш сум носела бунтовност и во одреден момент се појави потребата таа да ја изразам преку колекциите – но не било каква бунтовност, туку бунтовност за правда и потреба за промоција на она што е наше и вредно, како и освестување под влијание на општествените случувања.

Во 2013 година се роди колекцијата „Шчо напраифме“, посветена на Крсте Петков Мисирков и тогашните општествени случувања. Тоа беше првата колекција на овие простори, па и пошироко, со која започна трендот на испишување пораки преку гардеробата, особено со кирилично писмо. Потоа следуваа „Револуција“ – инспирација за колоритен бунт и соочување со одредени ситуации, и „Азбука“, каде кирилицата беше главна тема.

Ние, уметниците, сме амбасадори на својата земја. Тоа го сфатив уште во 2013 година. Мојот дизајнерски печат е токму пркосот и љубовта кон татковината, како и желбата за промоција на нашиот идентитет. Која сум јас ако не знам од каде доаѓам?

Токму тој порив ме однесе и на светските модни писти, од кои последна беше Модната недела во Харбин, Кина.

Како изгледаше процесот на организација – од поканата до самото патување и настап?

Сите сонуваме да успееме, но никогаш не сонував дека токму мојата работа и посветеност ќе ме однесат прво во Америка, а потоа и во Кина. Како креативен моден дизајнер бев забележана на Европскиот моден фестивал кој се одржува секој септември во Сараево. Таму разменив контакт со модна агентка од Словачка, без да бидам свесна дека токму таа посредува за учество на европски дизајнери во Кина.

На крајот од ноември добив повик од неа и од организаторот на сараевскиот настан дека сум избрана да бидам учесник на Модната недела во Харбин и дали ја прифаќам поканата. Без размислување кажав „да“, а дури потоа сфатив дека немам нова колекција и дека морам да создадам нешто достојно за претставување таму.

Размислував што би ме направило уникатна меѓу дизајнери од целиот свет. Одговорот беше во нашето културно наследство – мозаиците од локалитетот Стоби. Одлучив да го изработам најпознатиот мозаик „Пауните“ од крстилницата во Стоби, но за колекција од 15 изгледи тоа не беше доволно, па инспирација ми стана целиот локалитет и сè што е пронајдено таму. Така, Стоби стана мој „столб“ за понатамошното градење на интернационалната кариера.

Имав само еден месец за изработка на целата колекција. Тоа беше период исполнет со шиење, везење и кроење, без социјален живот и без празнични паузи. Но вредеше секоја непроспиена секунда. Огромна благодарност им должам на мојата мајка, татко, сестра и најблиските – оваа трка не ја истрчав сама.

Успехот не беше само мој, туку наш заеднички. Колекцијата беше одлично забележана, а реакциите на публиката беа незаборавни. Ми велeа дека тие 15 минути биле патување низ времето и просторот.

Како би го опишала искуството со меѓународната публика?

Најмногу ме изненади прифатеноста. Како дизајнер непознат за таа публика, не очекував толку силни реакции, аплаузи и медиумска заинтересираност. Особено ме воодушеви отсуството на суета кај колегите и меѓусебната поддршка.

Тоа е нешто што ни недостига како народ – повеќе поддршка и помалку завист.

Кој беше најголемиот личен предизвик?

Ниските температури – редовни -25°C, а имаше и ден со -30°C. И храната беше предизвик, но брзо се приспособив.

Имаше ли различни протоколи?

Да, дисциплината и почитувањето на правилата се на исклучително високо ниво. Сè функционираше со ред и почит.

Каде би сакала следно да се претставиш?

Секој дизајнер сонува за Милано, Париз и Лондон – тоа е и мојот сон. Но за тоа, покрај морална, потребна е и финансиска поддршка.

Што би им порачала на младите?

Не престанувајте да сонувате. Верувајте во себе, едуцирајте се, работете напорно и поддржувајте се меѓусебно. Ништо не е недостижно.

Тагови: Кина мода уметност Стоби

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »