ЕСИ (Employment Services International) за потребите на својот реномиран клиент, чија дејност е од областа на производство на електрична или електронска опрема за моторни возила, потребен е:
ИНЖЕНЕР ВО ОДРЖУВАЊЕ (М/Ж)
Опис на работните задачи:
- Одговорен за одржување на исправноста на машините во производствениот погон
- Одговорен за решавање на технички проблеми и советува за сите прашања поврзани со одржување
- Предлага и имплементира подобрувања за производство и безбедност и здравје на работа
- Учествува во поставување и расклопување на производствените линии
- Одговорен за непречено функционирање на одделот и машините
- Одговорен за распределба на работната сила и материјали
- Одговорен за водење евиденција на резервни делови, нивно планирање и порачување
- Одговорен за ажурирање и правилно чување на документација, вклучувајќи план за превентивни зафати и негово почитување
- Подготовка на извештаи и анализи од областа на зададените рокови
- Одговорен за координирање на сите активности во одделот за да обезбеди минимум прекини во производствениот процес. Врши планирање на активности
- Се грижи за безбедно работење и дисциплина на вработените во одделот
Потребни квалификации:
- Завршено високо образование-Машински факултет или Електротехнички факултет
- Работното искуство од 3 (три) години во областа е задолжително
- Искуство со работа во автомобилска индустрија
- Напредно познавање на англиски јазик
- Компјутерски вештини (Microsoft Office, AutoCad)
- Аналитички пристап
- Комуникациски и организациски вештини
Нудиме:
Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените квалификации треба да достават своја биографија и да наведат во електронската пошта за која позиција аплицираат.
Апликацијата на која не е наведно работното место нема да се земе во предвид.
Доколку не бидете одбрани за оваа позиција, Вашите биографии ги чуваме во нашата датабаза со можност за повикување на идни соодветни огласи.
Доколку не сакате Вашата биографија да биде сочувана, наведете ја таквата информација во Вашата електронска порака.
Доколку ги исполнувате наведените критериуми, своите биографии испратете ги на [најави се за да го видиш е-маилот] и наведете ја позицијата за која аплицирате.
ЕСИ (Employment Services International)
ул. Костурски херои 62/1,1000 Скопје
T: +389 2 3246-899, Ф: +389 2 3246-897
[најави се за да го видиш е-маилот] , www.esi.mk