Кандидатите покрај општите услови за вработување предвидени во Законот за работни односи потребно е да ги исполнуваат следните квалификации;
1) Завршено Високо Образование
2) Уверение за овластен сметководител издадено од Министерството за финансии
3) Одлично познавање на работа со компјутер (Microsoft Office и Internet)
4) Одлично познавање на англиски јазик
4) Работно искуство од 3 години како Шеф на сметководство (потписник на даночни пријави и завршни сметки)
Работни должности и одговорности:
- Менаџирање на Секторот за сметководство, супервизија и менаџирање на тимот со цел правилна алокација на работата и нејзино комплетно и навремено завршување
- Одговорен за мотивирање на вработените кои му се непосредно подредени, со цел подобрување на перформансите и пружање на поефикасни услуги
- Одговорен за навремено известување и информирање
- Други задачи по налог на претпоставениот раководител
- Надзор на други соработници
Работниот однос ќе се заснова на определено време од 6 месеци со можност за обновувње на договорот на неопределено време. Дневното работно време на оваа позиција е 8 часа, со почеток од 08:00 до 16:00 часот. Неделното работно време е од понеделник до петок.
Документите да се достават на mail: [најави се за да го видиш е-маилот] или по пошта на адреса ул. Бел камен бр.6 Скопје
Нема да бидат земени предвид кандидатите кои немаат Уверение за овластен сметководител и кандидатите кои немаат изготвено и потпишано две завршни сметки во предходното искуство.
Одбраните кандидати ќе бидат повикани на интервју и тестирање.
Рок на пријавување е 5 дена од датумот на објавување на огласот.
Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените квалификации.