АДРИАМЕД лого

Додај во омилени

Добивај е-маил известувања за секој нов оглас.

Дипломиран фармацевт

Плата од 50.000 ден. до 55.000 ден.

  • Објавен пред 19 часа
  • АДРИАМЕД
  • Активен до 24.10.2026
  • Позиција: Фармацевт/Фармацевтски техничар
  • Локација: Скопје
  • Телефон: 3229600
  • Веб: www.adriamed.mk/
  • Facebook: линк

Дипломиран фармацевт - Стручен соработник

ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО:

  • Изготвување на понуди и документи
  • Подготвување и праќање на нарачки до странски добавувач
  • Изготвување на фактури и испратници
  • Подготовка на документи за испорака согласно добиена нарачка
  • Комплетна пост-продажна поддршка на крајни корисници
  • Материјално и финансиско евидентирање

ПРОФЕСИОНАЛНИ ЗНАЕЊА И СПОСОБНОСТИ: 

  • Развиени комуникациски вештини
  • Развиени способности за тимска работа
  • Организираност, аналитичност и флексибилност
  • Способност за работа во динамично опкружување и работа со крајни рокови
  • Професионалност, работна етика и доверливост во однос на информации и податоци
  • Проактивност

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:

  • Завршено релевантно Високо образование – Фармацевтски факултет
  • Задолжително поседување на активна Лиценца за положен стручен испит
  • Со претходно работно искуство
  • Солидно познавање на MS Office пакетот
  • Претходно работно искуство со Pantheon или друг ЕРП систем ќе се смета за предност
  • Одлично познавање на англиски јазик (пишан и говорен)
  • Поседување на возачка дозвола – Б категорија, активен возач

Работно време од понеделник до петок од 7:30 до 15:30 во деловните простории во Скопје.
Работниот однос ќе се заснова на неопределено време со пробен период.

Сите апликации ќе бидат третирани со строга доверливост. Со самото аплицирање кандидатот се согласува неговите лични податоци наведени во биографијата да бидат чувани во база на податоци и обработувани од АДРИАМЕД ДОО Скопје во рок од 6 месеци од денот на истекот на рокот за избор. 

Кандидатите имаат право во секое време да ја повлечат дадената согласност за чување и обработка на податоците согласно Законот за заштита на лични податоци. 
АДРИАМЕД ДОО Скопје ќе изврши избор во законски определениот рок во зависност од бројот на пријавени кандидати. 

Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат повикани на интервју.

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »