ИУТЕ КРЕДИТ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ лого

Додај во омилени

Добивај е-маил известувања за секој нов оглас.

Советник за клиенти – Кавадарци

За компанијата:

Иуте Македонија е дел од мултинационалната бизнис корпорација – IuteGroup AS, избрана за една од најбрзо-растечките компании во Европа. Македонските канцеларии се отворени од 2017 година и оттогаш... повеќе за компанијата »

Активни огласи од ИУТЕ КРЕДИТ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ:

Менаџер за партнерска проджба - Советник за клиенти

(преземи го огласот како слика)

Иуте Македонија е дел од естонската дигитална банкарска групација Иуте, која го менува начинот на кој луѓето управуваат со своите финансии низ Југоисточна Европа.

За тимот во Кавадарци бараме енергична личност која ќе се препознае во приказната и заедно со тимот ќе ја движи следната развојна фаза.

Советник за клиенти – Кавадарци

Твојата улога

  • Да бидеш лицето на Иуте во Кавадарци
  • Да слушаш. Да препознаеш потреба. Да предложиш вистинско решение. И да создадеш искуство по кое клиентот ќе сака повторно да ни се обрати.
  • Ако комуникацијата ти е силна страна, продажбата те мотивира, а работата со луѓе ти дава енергија – можеби токму тебе те бараме.

Што ќе движиш?

  • Ќе ги претставуваш и продаваш нашите производи и услуги наменети за физички лица на јасен и релевантен начин
  • Ќе ги пречекуваш клиентите во експозитурата и ќе им даваш поддршка при нивните барања
  • Ќе градиш исклучително корисничко искуство при секој контакт – за секое прашање
  • Ќе ги препознаваш потребите на клиентите и ќе им помагаш да го изберат решението што најмногу им одговара
  • Ќе идентификуваш можности за директна и вкрстена продажба
  • Ќе придонесуваш кон одржување на активно кредитно портфолио и ќе работиш со јасно дефинирани продажни цели
  • Ќе даваш предлози и идеи за поефикасни процеси, развој на експозитурата и зголемување на продажбата

Кого бараме?

  • Универзитетско образование
  • Искуство во финансиска институција е предност
  • Одлични комуникациски, продажни и преговарачки вештини
  • Способност да слушаш, да поставиш вистинско прашање и да ја препознаеш потребата зад барањето на клиентот
  • Ориентираност кон резултати и способност за одредување приоритети
  • Тимски дух, одговорност и желба постојано да учиш и да се развиваш
  • Напредни компјутерски вештини
  • Одлично познавање на македонски и англиски јазик

Што добиваш?

  • Едноставна организациска структура
  • Вреднување на индивидуалниот придонес, но и тимскиот дух
  • Континуирани професионални обуки
  • Тимбилдинг активности во земјата и странство

Подготвен/а си да ги движиш финансиските искуства напред?

📅 Аплицирај до: 5 ноември 2026

📧 Испрати CV на: [најави се за да го видиш е-маилот]

✉️ Назнака: Советник за клиенти – Кавадарци

Само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат контактирани. Сите апликации се земаат во предвид со високо ниво на доверливост. Според Законот за заштита на личните податоци, со самото доставување на Вашата апликација за работа, давате согласност Вашите лични податоци да бидат користени во процесот на селекција на кандидати спроведен од страна на Иуте Македонија. Освен за наведениот случај, Вашите лични податоци нема да бидат користени за ниту една друга цел ниту пак, достапни на трети лица.

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »