
За компанијата:
Парти Сервис Лео e една од најголемите водечки компании во иновативните процеси на производство, дистрибуција и послужување на вкусна и свежа храна на територијата на Република Северна Македонија. Нашата... повеќе за компанијата »
МЕНАЏЕР ЗА ОДРЖУВАЊЕ
1 (една) позиција - Скопје
Работни задачи и одговорности:
- Организира, контролира и раководи со Службата за одржување
- Организира и планира активности, подготвува план и распоред на Службата на дневно, неделно и месечно ниво, во објектите
- Се грижи за предвидените безбедносни процедури за чистење на опремата и објектите на компанијата
- Одржување на исправноста и функционалноста на опремата со која располага компанијата
- Го контролира квалитетот на работењето и извршените услуги на надворешните соработници
- Обезбедува усогласеност со прописите за заштита на производството и безбедност во работењето, заштита на животната средина, заштита од пожари со вршење на редовни проверки
- Учествува, организира и раководи со подготовка и отварање на нови објекти и реконструкција на опрема на постоечките производни линии
- Ја следи состојбата на резервни делови
- Се грижи за планирање, набавка и имплементација на нови делови и машини
- Го контролира материјалното задолжување и раздолжување со резервни делови и потрошни материјали
- Поднесува извештаи за своето работење со целокупна евиденција
На кандидатот му нудиме:
- Работа во позитивна и пријатна атмосфера
- Организирана исхрана и превоз
- Конкуренски месечни примања
- Подарок за роденден
- Работа од 40 часа неделно
- Колективно осигурување од незгода 24/7
Профил на кандидатот:
- Познавање на HVAC системи
- Завршено образование од областа на електротехника или машинско инжињерство
- Работно искуство од 3 години на иста или слична позиција
- Висок степен на одговорност и аналитичност и управување со времето
- Динамична личност со организациски вештини
- Самоиницијативност и проактивност
- Енергичност и истрајност
- Флексибилност и прилагодливост
- Посветеност, висок личен интегритет и деловна култура
Доколку сте сигурни дека ја поседувате потребната амбиција, желба за успех и страст да се приклучите кон нашиот успешен тим, и сте спремни да ги користите извонредните можности за професионален развој кои ние ги нудиме, испратете ја вашата кратка биографија CV на е-маил [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака “Менаџер за одржување”
Со аплицирањето кандидатот изјавува дека е согласен неговите лични податоци наведени во CV- то да бидат собрани и обработени од Парти Сервис Лео Скопје во согласност со Законот за заштита на лични податоци. Кандидатот изјавува дека е запознаен дека неговите лични податоци се собираат и обработуваат со цел избор на кандидатот за позицијата за која аплицираат. Кандидатот има право во секое време да ја повлече дадената согласност за чување и обработка на неговите лични податоци.


Слични огласи »