
За компанијата: Нептун е бренд име на компанијата Нептун Македонија ДОО Скопје, основана во 1998 година, која во 1999 година станува дел од Нептун Интернешнал и Балфин Групација - Balkan Finance Investment Group.
Нептун...
повеќе за компанијата »НЕПТУН е дел од најголемата инвестициска групација на Балканот – Балфин Груп, распространета во земјите на Балканот и Југоисточна Европа со инвестиции од областа на малопродажба, недвижности, енергетика, туризам, образование, градежништво и банкарство. Со годишен обрт од 500 милиони ЕУР и 5.000 вработени во сите компании, Балфин Груп претставува влијателен и активен учесник во економскиот раст и развој во регионот.
Нептун Македонија претставува водечка и најголема малопродажна и дистрибутивна мрежа за производи од потрошувачка електроника, со повеќе од 20 годишно присуство на македонскиот пазар и над 400 вработени. Нашата уникатност, препознатлив имиџ и вредностите кои ги претставуваме се широко прифатени помеѓу потрошувачите.
Поради зајакнување на тимот за управување со таленти во одделот за Човечки ресурси бараме личност со високо развиени лидерски, презентациски и интерперсонални вештини за позицијата
СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ОБУКА И РАЗВОЈ
Потребни квалификации и вештини:
- Универзитетско образование (општествени науки)
- Искуство во тренинг и едукација (системи за мерење на резултати и квалитет во работата, обука и развој), работа во оддел за човечки ресурси ќе се смета за предност
- Напредно ниво на познавање на англиски јазик (усна и пишана комуникација) и MS Office пакетот
- Возачка дозвола (Б категорија)
- Одлични интерперсонални способности и вештини за презентација и ефективна комуникација
- Самоиницијативност, критичко размислување и способност за решавање проблеми
- Силни организациски способности за приоритизирање на задачи, управување со проекти и временски рокови
Одговорности и работни задачи:
- Одговорен/а за планирање, организација, имплементација и контрола на секојдневни активности поврзани со управување со таленти и зголемување на ангажираностa на вработените
- Oдговорен/а за имплементација на нови и постоечки програми за управување со таленти, програми кои ќе го стимулираат развојот, задржување и искористување на талентот во организацијата
- Одржува обуки во продавници поврзани со производите и начините на презентација и продажба на истите
- Планира, дизајнира, координира и спроведува програми за развој во индивидуални или групни работилници, подготовува и развива наставни материјали и помагала за обука како прирачници, нагледни помагала, прашалници и сл.
- Избор и договарање на услуги за обука од страна на надворешни консултанти, aсистира во организацијата и спроведувањето на обуки од страна на надворешни соработници за тренинг
- Учествува во развој и имплементација на системот за мерење на резултати и квалитет во работењето на компанијата
- Води евиденција и документација за вработените од извршените обуки, воспоставува и одржува бази на податоци за сите вработени
Доколку сте подготвени за овaa возбудлива и воедно одговорна позиција која ќе придонесе за развивање на компетенциите на нашите вработени, испратете ја Вашата кратка биографија на e-мail: [најави се за да го видиш е-маилот] , со назнака: „Специјалист за обука и развој“ или преку пополнување на веб апликацијата, не подоцна од 02.06.2019
Останати огласи »