БИОТЕК ДОО лого

Градежен Инженер за изведба на високоградба

За компанијата: Биотек ДОО е основан во 1999 година со двајца вработени, со јасна визија да навлезе во клиничкиот и индустрискиот сектор. Уште од самиот почеток, нашата понуда на високо квалитетна опрема и потрошен материјал,... повеќе за компанијата »

БИОТЕК ДОО за својата компанија МДА ДОО Скопје вработува:

Градежен Инженер за изведба на високоградба


МДА ДОО Скопје е компанија од областа на градежниот сектор, посветена на реализација на висококвалитетни проекти во областа на високоградбата. Поради зголемен обем на работа и започнување на нов, сериозен проект на атрактивна локација во Општина Центар, Скопје, имаме потреба од проширување на нашиот професионален тим.

Во потрага сме по мотивиран, одговорен и искусен Градежен Инженер кој ќе се приклучи на нашиот тим и ќе придонесе во успешното управување и реализација на градежните активности.

Опис на работното место и клучни одговорности

Избраниот кандидат ќе биде одговорен за севкупно раководење со градежните активности на објектот, осигурувајќи дека проектот се изведува во согласност со техничката документација, законските прописи и највисоките стандарди за квалитет.

Главни одговорности:

  • Оперативно раководење со градилиште
  • Контрола на квалитет и рокови
  • Координација со учесници во градбата
  • Детална подготовка, водење и следење на целокупната техничка и градежна документација, Безбедност и здравје при работа
  • Управување со работна сила, механизација и материјали на градилиштето.
  • Известување за напредокот на работите и нивно презентирање пред менаџментот на компанијата.

Потребни квалификации и вештини

Задолжителни услови:

  • Завршено високо образование – Дипломиран градежен инженер или Магистер по градежништво.
  • Работно искуство од минимум 5 (пет) години релевантно работно искуство во изведба на проекти од област на високоградба.
  • Поседување на важечко Овластување за инженер за изведба Б, издадено од Комората на овластени архитекти и овластени инженери.
  • Одлично познавање на целокупните градежни процеси, нормативи, стандарди и техничка регулатива во Република Северна Македонија.
  • Напредно познавање на MS Office пакетот и AutoCAD.

Предност ќе имаат кандидатите кои поседуваат:

  • Овластување за инженер за изведба А.
  • Искуство во работа со софтвер за проектен менаџмент.
  • Докажани лидерски и организациски способности, способност за работа во тим и решавање на проблеми под притисок.
  • Возачка дозвола Б-категорија.

Што нудиме

  • Конкурентна основна нето-плата во зависност од искуството и квалификациите на кандидатот.
  • Можност за бонуси во зависност од успешноста во реализацијата на проектот.
  • Работа на голем и сериозен проект.
  • Динамична и професионална работна средина.
  • Можност за кариерно напредување и континуиран професионален развој.

Начин на аплицирање и рок за избор

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат горенаведените услови се покануваат да ја достават својата професионална биографија (CV) и мотивациско писмо на следната електронска адреса: [најави се за да го видиш е-маилот] .

Во насловот на пораката задолжително наведете: „Апликација за Градежен Инженер.

  • Рок за пријавување: Крајниот рок за доставување на апликациите е 25.05.2026 година (понеделник).
  • Рок за избор: Изборот на кандидат ќе се изврши во законски предвидениот рок.

Дополнителни информации

  • Само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат контактирани и поканети на интервју.
  • Со поднесување на Вашата апликација, согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на овој процес на регрутација, во согласност со Законот за заштита на личните податоци. Податоците ќе се третираат со максимална доверливост.

Контакт информации:

МДА ДОО Скопје

Телефон за информации (во работно време): 070/220-852

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »