Промовирани огласи »

Работна токсичност: кога „нормалното“ веќе не е нормално

„Ќе помине“? Најголемата лага што си ја кажуваш за работата!

На почетокот, сè изгледа „во ред“. Малку стрес, малку притисок, неколку недоразбирања дел од секоја работа, нели? Но што ако тоа „малку“ станува секојдневие? Што ако негативната атмосфера станува правило, а не исклучок?

Работната токсичност ретко доаѓа одеднаш. Таа се гради тивко преку лоша комуникација, непочитување, микроменаџмент или култура во која стравот е главен мотиватор. Со тек на време, почнуваш да се навикнуваш. И тука е најголемиот проблем: она што не е нормално, почнува да ти изгледа нормално.

  • Како да препознаеш дека си во токсична средина?
  • Кога секое утро одиш на работа без мотивација.
  • Кога твојот труд не се цени, а критиките се секојдневие.
  • Кога комуникацијата е полна со тензија, а поддршката е ретка.
  • Кога чувствуваш дека мораш постојано да се докажуваш без јасни правила.
  • Кога работата почнува да ти влијае на здравјето, самодовербата и приватниот живот.

Многумина остануваат во ваква средина подолго отколку што треба. Од страв од промена, финансиска сигурност или надеж дека „ќе стане подобро“. Но вистината е едноставна: токсичната средина ретко се менува сама од себе.

Важно е да разбереш дека не секој тежок период значи токсичност. Но ако негативноста е константна, ако се чувствуваш исцрпено и демотивирано подолг временски период тоа е сигнал.

  • Што можеш да направиш?
  • Постави граници јасно и професионално.
  • Разговарај ако има простор за промена.
  • Но најважно: препознај кога е време да си заминеш.

Ниту една работа не вреди повеќе од твоето ментално здравје и личен мир. Понекогаш најхрабриот чекор не е да издржиш туку да си заминеш.

Запомни: Здравата работна средина не е луксуз. Таа е основа за успех.

Прочитај и за: Флексибилното работно време: Иднината на модерното работење

Тагови: совети за работа токсично работно место

Промовирани огласи »

Со какво време ја затвараме оваа работна недела?

Крајот на неделата носи нестабилно време низ Македонија

Денес времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. На одредени места се очекува нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а можно е локално и краткотрајно невреме.

Во Скопје ќе преовладува облачно време со повремени дождови. Во некои делови од котлината ќе има услови за грмежи и засилен ветер.

Временска прогноза за Скопје. За другите градови кликни ТУКА.

8.5.2026 Петок   14° / 16° 07:23   21:41
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h














16°
16°
16°
16°
15°
15°
14°
14°
14°
14°

2

2

1

2

2

2

1

1

1

1
9.5.2026 Сабота   13° / 21° 07:22   21:42
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h
13°
13°
13°
13°
13°
13°
13°
13°
13°
14°
16°
17°
18°
18°
20°
21°
21°
21°
21°
20°
19°
17°
15°
13°

1

1

1

1

1

1

1

1

1

1

2

2

2

3

4

4

5

4

4

4

2

2

2

2
10.5.2026 Недела   / 24° 07:21   21:43
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h
12°
11°
11°
11°
10°
10°

10°
13°
16°
18°
20°
21°
22°
23°
23°
24°
23°
23°
22°
21°
19°
18°
17°

2

2

2

2

2

2

2

2

2

1

1

2

2

2

3

3

2

2

2

2

1

1

1

1

Промовирани огласи »

Македонско маслиново масло со врвен квалитет – приказната на Olive Garden

Македонски бренд што заслужува внимание

Кој стои зад брендот Olive Garden и како започна целата приказна?

Нашата семејна приказна започна во далечната 2008 година, кога како семејство одлучивме да засадиме маслинов насад со повеќе од 800 стебла. Од тогаш до денес, целата грижа за овој маслинарник, вклучувајќи го производството и продажбата на маслиново масло, ја води семејното земјоделско стопанство Аврамовски, под брендот „Olive Garden MK“ (Маслинова градина).

Како од идеја за одгледување маслинки се разви целосен бренд со финален производ „од нива до трпеза“?

Уште на самиот почеток бевме убедени дека маслинарството како земјоделска култура може да успее и да функционира и во нашата земја. Иако на почетокот постоеше големо неверување, бидејќи кај нас не постои таква традиција, ние сите овие години работевме упорно и со посветеност. Денес сме особено горди и среќни што успеавме да го создадеме овој бренд, препознатлив меѓу љубителите на маслиново масло.

Што беше најголемиот предизвик во процесот – од садење до првото произведено масло?

Маслинарството како земјоделска култура е специфично по своите карактеристики и носи свои предизвици. Еден од најголемите предизвици беше да останеме доследни во спроведувањето на годишните агротехнички планови и програми за одржување на маслинките. Ова го истакнувам бидејќи маслинарството има долг грејс период. Имено, потребни се најмалку 7–8 години за да се добие минимален комерцијален резултат. Затоа љубовта и посветеноста се најважните елементи во оваа успешна приказна.
 

Што го прави вашето масло поразлично од останатите на пазарот, особено во контекст на тоа што е 100% македонско?

Нашето масло е ладно цедено extra virgin маслиново масло, произведено од маслинки од нашиот насад, во строго контролирани услови. Времето од дрво до финален производ не е подолго од 4 часа, бербата е рачна, а температурата на цедење не надминува 24°C. Сите овие елементи се гаранција за производ со врвен квалитет, кој е потврден со сребрен медал освоен на Загребскиот фестивал за маслинки и маслиново масло, како и со анализи од сертифицирана лабораторија во Грција.

Колку технологијата игра улога во производството, а колку традицијата и искуството?

Технологијата и знаењето се неразделни. Технологијата има огромна улога во добивањето висококвалитетен производ, но исто толку важно е знаењето за тоа како од маслинката да се извлече најдоброто. Постојано ги надградуваме нашите знаења преку различни обуки, едукации, како и консултации со колеги од земји со долга традиција во маслинарството.

Како македонскиот пазар реагира на домашно произведено маслиново масло?

Македонскиот пазар на почетокот беше скептичен и не веруваше дека во Македонија може да се произведува extra virgin маслиново масло со висок квалитет. Довербата ја градевме постепено. Со секоја посета на нашиот маслинарник и со секоја дегустација, нашите купувачи се уверуваа во квалитетот кој стои зад аромата и вкусот на нашето масло. Преку учество на гурмански саеми успеавме дополнително да се доближиме до купувачите и да ја изградиме нивната доверба.

Дали постои план за проширување – нови пазари, поголемо производство или нови производи?

Како семејно земјоделско стопанство кое постојано ги следи трендовите на пазарот, размислуваме за зголемување на приносите од нашиот маслинарник, а со тоа и производството на extra virgin маслиново масло. Сепак, нашиот концепт останува ист – производство во мали количини, под строго контролирани услови.

Кој е вашиот совет за младите претприемачи кои сакаат да започнат сопствен агро или food бренд?

Сè започнува со добра идеја и љубов кон она што ни го нуди природата. Секако, неопходни се упорност, посветеност, добри анализи, квалитетни соработници и сè друго што е потребно за успешно воспоставување и водење на еден бренд.

Тагови: бизнис идеи Olive Garden маслиново масло

Промовирани огласи »

Огласи за работа во Охрид!

Најновите огласи за работа во Охрид!

Денес ви ги издвојуваме најпосетуваните работни позиции во Охрид на KARIERA.mk, се надеваме дека ќе го најдете вашето идеално работно место меѓу нив.

Охрид, еден од најубавите и најпосетуваните градови во Македонија, нуди многу можности за вработување во различни сектори. За да го пронајдете вашето идеално работно место во Охрид, посетете го нашиот веб сервис KARIERA.mk, како и на нашите социјални мрежи каде многу работодавци објавуваат отворени позиции.

Опслужувач на машини
Персонал за работа
Продажен Персонал - Охрид
Банкарски службеник во експозитура во Охрид

Работник за подготовка на средства

Сите останати работни позиции од Охрид ќе ги најдете ТУКА.

Прочитајте и за: Најновите огласи за работа во Скопје!

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »