ШИЗИК НА РИЗИК лого

Персонал за работа

За компанијата: SHEEZICK NA REEZICK is a Skopje-based clothing brand made to inspire brave minds. We develop premium products with our values always in mind: connection to roots, unique design, passion and dedication. After... повеќе за компанијата »

ШИЗИК НА РИЗИК / ШИЗОТЕКС

Скопје и Охрид

Поради раст и проширување на тимот, Шизик на Ризик вработува на повеќе позиции во малопродажба и производство.

Бараме одговорни, проактивни и мотивирани личности кои сакаат стабилна работа, јасни критериуми и можност за напредување.

1. ПРОДАЖБА – ПРОДАВНИЦА СКОПЈЕ (Full-time)

Работа во бренд продавница со фокус на комуникација, презентација на производи и остварување продажни цели.

Одговорности:

  • Работа со клиенти и обезбедување одлично корисничко искуство
  • Продажба и презентација на производите
  • Одржување на изгледот и организацијата на продавницата
  • Работа со каса и евиденција

Профил:

  • Комуникативна и позитивна личност
  • Продажен дух и ориентација кон резултати
  • Одлично познавање на македонски и англиски јазик
  • Одговорност и професионалност
  • Искуство во продажба е предност

2. ПРОДАЖБА – ПРОДАВНИЦА ОХРИД (Full-time / Part time / Seasonal)

Работа во динамична продавница со интернационални клиенти. Комуникацијата и енергијата се клучни.

Одговорности:

  • Работа со домашни и странски клиенти
  • Активна продажба и storytelling презентација
  • Одржување на изгледот на продавницата
  • Работа со каса

Профил:

  • Комуникативна и енергична личност
  • Одлично познавање на англиски јазик
  • Познавање дополнителен јазик е голема предност
  • Продажен менталитет
  • Искуство во продажба е предност

3. ОРГАНИЗАТОР НА ПРОИЗВОДСТВО / PRODUCTION COORDINATOR – СКОПЈЕ (ШИЗОТЕКС)

Клучна позиција во шиварата која го координира целиот процес – од набавка на материјали до финална испорака до продавница.

Одговорности:

  • Организација на распоред на шиење и кроење
  • Набавка на материјали и додатоци
  • Координација на доработки, транспорт и испорака
  • Контрола на количини и квалитет
  • Реализација на налози и рокови
  • Физичка организација на материјали 

Профил:

  • Искуство во текстилно производство или организација на процес
  • Систематичност и одговорност
  • Способност за координација на тим и комуникација со коминтенти
  • Проактивност и ориентација кон решенија
  • Основно познавање на Excel / евиденција

Што нудиме (за сите позиции)

  • 🎓 Обезбедена обука
  • 💰 Редовна и конкурентна плата
  • 📈 Можност за напредок
  • 💵 Фиксен дел + бонуси според учинок (за продажни позиции)
  • 🎉 Платени екстра дневници за работа за време на државни празници
  • 🤝 Работа за стабилен и растечки бренд

📩 Аплицирање:

Испратете CV со назнака за која позиција аплицирате на: [најави се за да го видиш е-маилот]

Во наслов наведете:

  • „Продавач – Скопје“
  • „Продавач – Охрид“
  • „Организатор на производство - Шизотекс“

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »