Промовирани огласи »

„Виз Ер“ со две нови линии од Скопје до Сардинија и Сицилија

Нови летови од Скопје до Алгеро и Палермо без субвенции, со што скопскиот аеродром дополнително ја зацврстува лидерската позиција во регионот.

„Виз Ер“ воведува две нови авиолинии од скопскиот аеродром, соопшти заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски. Од 18 јули патниците од Скопје ќе можат директно да летаат до Алгеро на островот Сардинија во Италија, додека од 15 јули се отвора и линија до Палермо на Сицилија. Новите релации се наменети и за граѓаните што патуваат во Италија и за туристите кои сакаат да ја посетат Македонија.

Според Николоски, двата нови лета на Wizz Air се очекува дополнително да го зголемат авиосообраќајот на скопскиот аеродром, кој во 2025 година веќе забележа рекорд со над 3,2 милиони патници и со тоа се позиционира како регионален лидер. Најавено е и зголемување на бројот на летови и патници на постојните линии, како и стационирање на нов авион од најновата класа Airbus A321neo во Скопје.

Министерот истакна дека овие нови сезонски линии ќе оперираат без државни субвенции, што, како што нагласи, е дополнителен квалитет и јасен сигнал дека постои зголемен комерцијален интерес за скопскиот аеродром. Со тоа, Македонија се очекува да стане уште поатрактивна дестинација и за туристите и за деловните патници од регионот и Европа.

Тагови: Wizz Air скопскиот аеродром ТАВ Македонија Италија

Промовирани огласи »

Сè што треба да знаете за отказите според Законот за работни односи

Кога отказот е законски, а кога не?

Прекинувањето на работниот однос во Македонија е регулирано со Законот за работните односи и предвидува јасни правила со цел да се заштитат правата на работниците, но и да се остави простор работодавачите да реагираат на економски и организациски промени. Клучно е отказот да не се случува произволно, туку да биде поткрепен со законски основ и да се спроведе согласно процедура.

Законот разликува три главни категории на отказ кога работодавачот го прекинува договорот: лични причини, причини на вина и деловни причини. Личните причини најчесто се поврзани со недостаток на знаења или способности за извршување на работата, причините на вина се однесуваат на потешко или повторено прекршување на работната дисциплина, а деловните причини произлегуваат од економски, организациски, технолошки или структурни промени поради кои престанува потребата од одредено работно место.

Посебно важен сегмент се колективните отпуштања, кои постојат кога работодавачот планира да отпушти најмалку 20 работници во рок од 90 дена од деловни причини. Во тие случаи, работодавачот мора најмалку еден месец претходно да започне консултации со претставниците на работниците и да достави информации за причините, бројот на засегнати лица и периодот во кој ќе се спроведе отпуштањето. Потоа, задолжително се известува и Агенцијата за вработување, која може да побара продолжување на рокот ако отпуштањето треба да се реализира за помалку од 60 дена.

Кога станува збор за отказ од деловни причини, законот предвидува и важни обврски и ограничувања: работодавачот може да понуди прераспределување, преквалификација или нов договор под изменети услови (иако тоа не е задолжително), а истовремено не смее да вработи друго лице на истите работи во рок од две години, освен ако приоритетно не го понуди местото на отпуштениот работник. Во овие случаи, работникот има право и на испратнина, која зависи од стажот кај работодавачот и се движи од 1 до 7 нето плати, при што се исплаќа на денот на престанокот на работниот однос и не смее да се „откаже“ со договор.

Тагови: Агенција за вработување (АВРМ) закон отпуштање отказ Законот за работните односи

Промовирани огласи »

Тетово прво по број на одземени возила во акцијата „Сејф Сити“

За нешто повеќе од две недели низ Македонија се одземени 90 возила поради управување без возачка дозвола – Тетово е на врвот на листата.

Управувањето моторно возило без возачка дозвола е кривично дело. Согласно со законот, по наредба на Основно јавно обвинителство, Министерството за внатрешни работи има право да одземе такво возило. 

Под управување без возачка дозвола се смета возачот никогаш да не положил возачки испит, дозволата да му е трајно одземена, или да управува со возилото во период кога му е изречена мерка привремена забрана за управување со моторно возило. 

За нешто повеќе од две седмици, односно од почетокот на прокетот „Сејф Сити“ полицијата одзеде вкупно 90 возила! 

Во периодот од 1. до 16. февруари на територија на цела држава, по насоки на јавен обвинител, одземени се вкупно 90 возила. Од нив 14 возила се одземени на територија на СВР Тетово, 13 возила се одземени на територија на СВР Велес, 12 возила на територија на СВР Битола, по 11 на територија на СВР Струмица и СВР Куманово... информираат од МВР за Скопје Инфо

Како што појаснуваат оттаму, полициските службеници го одземаат возилото по насоки на јавен обвинител, а натамошната постапка е во надлежност на обвинителството и судот.

Во моментов одземените возила се чуваат во полициска станица, а понатаму на места и локации кои што ќе бидат одредени од обвинителството. 

Инаку, како што информираа вчера од полицијата, изминатата недела е намален бројот на сообраќајни прекршоци кои ги регистрирал „Сејф Сити“. 

Тагови: Министерство за внатрешни работи (МВР) Сејф сити - Безбеден град одземени возила

Промовирани огласи »

Agile Pro Solutions, компанија за која навистина сакате да работите!

Наши вработени во посета на USA

Agile Pro Solutions, како аутсорсинг компанија со голем број на клиенти од Соединетите Американски Држави е етаблиран работодавач во Македонија на десетици вработени кои се совршено интегрирани и во нашиот колектив, и во компаниите-наши клиенти за кои работат. За да ви доловиме едно искуство на наши вработени, проследете ја сторијата на Марија Атанасовска:

Во 2020 година, среде глобалната неизвесност и промените што ги донесе пандемијата, ја започнав мојата професионална приказна како analyst. Работам со американски клиент, а паралелно сум и менаџер на тимот кој работи за клиентот тука во Македонија. Тоа значи дека секојдневно балансирам помеѓу аналитика, стратегија, луѓе и културни разлики, улога која со текот на времето ми донесе огромно искуство и личен раст.

Во април 2025 година имав посебна чест да интервјуирам и вработам нов колега, Александар (исто така analyst) кој денес е важен дел од нашиот тим. Неколку месеци подоцна, заедно добивме покана од нашиот US клиент да присуствуваме на глобална конференција во Orlando, Florida.

Конференцијата беше повеќе од професионален настан, беше вистинско оживување на онлајн релациите што со години ги градевме преку екрани. Конечно ги запознавме во живо колегите од различни делови на светот со кои секојдневно комуницираме, луѓе од Европа, Америка, Азија, Латинска Америка.

Чувството кога ќе се ракуваш со некого со кого си работел години, но никогаш не си го видел во живо, е навистина посебно. Тогаш сфаќаш колку е моќна заедницата ,power of community. Не сме само индивидуалци што работат од различни временски зони, туку сме тим поврзан со заедничка цел, вредности и меѓусебна поддршка.

Програмата на конференцијата беше богата и разновидна. Имавме можност да учиме за:

- Креирање и оптимизација на dashboards

- Подобрување на аналитички процеси

- Стратешко размислување и data storytelling

- Развој на soft skills

- Надминување на imposter syndrome

Особен впечаток ми остави делот за imposter syndrome, отворените разговори за сомнежите што сите понекогаш ги чувствуваме, без разлика на позицијата или искуството. Да слушнеш лидери од глобални тимови како искрено зборуваат за своите несигурности беше навистина ослободувачко и мотивирачко.

Како менаџер, за мене беше важно не само да научам нови технички вештини, туку и да ги подобрам моите лидерски способности, како подобро да комуницирам, како да мотивирам, како да изградам психолошка безбедност во тимот.

Од Florida до сонот наречен New York

По завршувањето на конференцијата во Orlando, решивме да го искористиме патувањето и да продолжиме кон New York City.

New York нè фасцинираше од првиот момент. Енергијата на градот, високите облакодери, динамиката, различноста,сè изгледаше како сцена од филм. Прошетките низ Менхетен, погледот кон skyline-от, гужвата, уличната уметност, Central Park, секој агол носеше ново искуство.

Градот е симбол на амбиција, можности и соништа. После денови исполнети со професионална инспирација, Њујорк беше совршен потсетник зошто вреди да се излезе од зоната на комфор и да се прифатат нови предизвици.

Ова патување не беше само службено. Беше симбол на раст, личен и професионален. Од 2020 година до денес, од локален analyst до глобална конференција во САД, патот беше исполнет со работа, посветеност и верба.

Тагови: Agile Pro Solutions

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »