Промовирани огласи »

Населението во Македонија старее: Средната возраст 42,21 година

Новите податоци на Еуростат покажуваат забрзано стареење на населението во Македонија и ЕУ, со раст на средната возраст и јасен регионален контраст.

Средната возраст на населението во Македонија во 2025 година изнесува 42,21 година, покажуваат податоците на Еуростат, додека просекот во Европската унија е повисок и достигнува 44,9 години. Во споредба со 2015 година, кога средната возраст во земјава била 37,4 години, населението за само една деценија е „остарено“ за речиси пет години.

Во регионот, од Македонија помладо население има само Црна Гора со средна возраст од 40,4 години. Албанија (44,3) и Србија (45,4) имаат постаро население, додека во Грција и Бугарија просечната возраст е уште повисока и изнесува 47,2 години. Во Хрватска и Словенија жителите во просек имаат по 45,5 години. На ниво на ЕУ, најмладо население има Ирска со 39,6 години, а најстаро Италија, каде средната возраст достигнува 49,1 година.

Еуростат бележи дека на ниво на целата ЕУ средната возраст од 2015 до 2025 година е зголемена за 2,1 година, од 42,8 на 44,9 години. Стареењето на населението е најизразено во Словачка и на Кипар, каде средната возраст пораснала за 4 години, а веднаш потоа следуваат Италија (+3,9), Грција и Полска (по +3,8) и Португалија (+3,7 години). Намалување на средната возраст е забележано само во Германија и Малта, каде таа е пониска за 0,4 години во споредба со 2015.

Тагови: ЕУ Македонија население Еуростат

Промовирани огласи »

Вработување во Макпетрол!

Погледни ги најновите огласи за работа во Макпетрол!

Уште од основањето, повеќе од седум децении, Макпетрол АД отсекогаш бил предводник во примената на новитетите во погонските горива, во унапредувањето на квалитетот на своите производи, како и во воведувањето на алтернативни погонски горива кои придонесуваат за поголема заштита на животната средина.

Како компанија која константно расте и се унапредува, моментално го проширува својот тим и има отворено позиции за:

Стручен соработник во сектор за развој во дирекција за развој и инвестиции
Инженер (проектант и надзор по градежништво) во дирекција за развој и инвестиции
Продавачи/ки - Касиери/ки на бензинска станица - Скопје

Доколку сакте да станете дел од Макпетрол аплицирајте и станете дел од една од водечките компании во Македонија.

Останатите рабони позиции можете да ги најдте ТУКА.

Тагови: МАКПЕТРОЛ

Промовирани огласи »

Како AI го менува процесот на селекција на кандидати?

Дали вештачката интелигенција ќе ги замени HR менаџерите?

Вештачката интелигенција повеќе не е иднина – таа веќе е дел од секојдневието во HR секторот. Компаниите ширум светот, вклучувајќи ги и оние во Македонија, сè почесто користат AI алатки за побрза, поефикасна и попрецизна селекција на кандидати.

Но, што точно се менува?

Автоматизирано прегледување на CV-а

Еден од најголемите предизвици во регрутацијата е обработката на голем број апликации. AI системите можат:

  • Да скенираат стотици CV-а за неколку секунди
  • Да ги препознаат клучните зборови и вештини
  • Да ги рангираат кандидатите според релевантност

Ова значително го намалува времето потребно за првична селекција.

Подобра анализа на податоци

AI овозможува анализа базирана на податоци, наместо само на интуиција.

Со помош на алгоритми, компаниите можат да:

  • Предвидат кој кандидат има најголема веројатност за успех
  • Анализираат историски податоци за вработувања
  • Идентификуваат обрасци во успешните профили

Ова носи пообјективен пристап во процесот.

Чет-ботови и автоматска комуникација

AI чет-ботовите можат да одговараат на прашања од кандидати 24/7, да закажуваат интервјуа и да даваат информации за статусот на апликацијата.

Ова го подобрува кандидатското искуство и ја зголемува транспарентноста.

Намалување или зголемување на пристрасноста?

Една од најголемите дебати е дали AI ја намалува или ја засилува пристрасноста.

Доколку алгоритмите се правилно дизајнирани, тие можат да:

  • Елиминираат субјективни фактори
  • Се фокусираат на компетенции

Но, доколку се базираат на пристрасни историски податоци, ризикот од дискриминација останува.

Дали AI ќе ги замени HR професионалците?

Краткиот одговор е – не.

AI е алатка, не замена. Таа може да ја автоматизира рутинската работа, но:

  • Финалната проценка
  • Проценката на културолошка усогласеност
  • Емпатијата и човечкиот фактор и понатаму остануваат во рацете на HR експертите.

AI го прави процесот на селекција побрз, поефикасен и податочно ориентиран. Но, вистинскиот успех лежи во комбинацијата на технологија и човечка проценка.

Компаниите што паметно ќе ја интегрираат вештачката интелигенција во регрутацијата ќе имаат предност во привлекувањето и изборот на најдобрите таленти.

Прочитајте и за: Дали бонусите ја зголемуваат лојалноста?

Тагови: HR трендови

Промовирани огласи »

Бензинот со нова цена по полноќ - Нов ценовник на Регулаторна

Поскапување или поевтинување? Што да очекувате?

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,69% во однос на одлуката од 9.2.2026 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 2,599%, кај дизелот за 0,154%, кај екстра лесното масло за 1,247% и кај мазутот намалувањето е за 1,530%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,3576%.

Од 17.2.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

  • Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 73,00 (денари/литар)
  • Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 75,00 (денари/литар)
  • Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 68,00 (денари/литар)
  • Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 67,00 (денари/литар)
  • Мазут М-1 НС 33,883 (денари/килограм)

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,00 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,233 ден/кг и сега ќе изнесува 33,883 ден/кг. 

Тагови: Регулаторната комисија за енергетика-(РКЕ) цени на горивата

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »