Промовирани огласи »

Вработување во Макпетрол!

Погледни ги најновите огласи за работа во Макпетрол!

Уште од основањето, повеќе од седум децении, Макпетрол АД отсекогаш бил предводник во примената на новитетите во погонските горива, во унапредувањето на квалитетот на своите производи, како и во воведувањето на алтернативни погонски горива кои придонесуваат за поголема заштита на животната средина.

Како компанија која константно расте и се унапредува, моментално го проширува својот тим и има отворено позиции за:

Бензинска станица Скопје - Продавачи/ки и касиери/ки
Бензинска станица Ресен - Продавачи/ки
Бензинска станица Битола - Продавачи/ки и касиери/ки
Бензинска станица Струга - Продавачи/ки и касиери/ки
Бензинска станица Охрид - Продавачи/ки и касиери/ки
Бензинска станица Дебар - Продавач/ка и касиер/ка

Доколку сакте да станете дел од Макпетрол аплицирајте и станете дел од една од водечките компании во Македонија.

Останатите рабони позиции можете да ги најдте ТУКА.

Тагови: МАКПЕТРОЛ

Промовирани огласи »

Стратегии за успешно барање работа и избегнување на грешки

Аплицираш секој ден, а без резултат?

Барањето работа денес не е само прашање на праќање CV и чекање одговор. Во динамичниот пазар на труд, успешните кандидати се оние што имаат јасна стратегија, знаат како да се позиционираат и умеат да ги избегнат најчестите грешки.

1. Поставете јасна цел

Пред да започнете со аплицирање, дефинирајте што точно барате: индустрија, позиција, тип на компанија и услови. Аплицирањето „насекаде“ често води до разочарување и губење време.

2. Прилагодете го вашето CV и мотивациско писмо

Една од најголемите грешки е користење на исто CV за сите позиции. Секој оглас бара различен пристап – нагласете ги релевантните вештини и искуства што одговараат на конкретната позиција.

3. Истражете ја компанијата

Пред да аплицирате или одите на интервју, информирајте се за компанијата: нејзината култура, вредности и репутација. Ова не само што ќе ви помогне да оставите подобар впечаток, туку и да процените дали компанијата е вистинска за вас.

4. Подгответе се за интервју

Интервјуто не е импровизација. Вежбајте одговори на најчестите прашања, подгответе конкретни примери од вашето искуство и поставете прашања што покажуваат интерес и ангажираност.

5. Искористете ја мрежата на контакти

Многу работни позиции не се јавно објавени. Поврзувањето со професионалци, учество на настани и активност на платформи како LinkedIn може да ви отвори нови можности.

6. Бидете трпеливи и конзистентни

Барањето работа е процес што бара време. Не се обесхрабрувајте по неколку одбивања – секое искуство е можност за учење и подобрување.

Најчести грешки што треба да ги избегнувате

  • Аплицирање без читање на огласот
  • Непрофесионално или неуредно CV
  • Недоволна подготовка за интервју
  • Лоша комуникација со работодавачот
  • Прифаќање на работа без да се анализираат условите

Успешното барање работа не зависи само од квалификациите, туку и од начинот на кој се претставувате и стратегијата што ја користите. Со правилен пристап, добра подготовка и избегнување на типичните грешки, значително ги зголемувате шансите да ја пронајдете работата што навистина ја посакувате.

Прочитајте и за: Зошто вработените се чувствуваат преоптоварени?

Тагови: совети за работа

Промовирани огласи »

„Македонска пошта“ со 100 нови возила: Побрза достава и модернизација на услугите

Новиот возен парк на „Македонска пошта“ треба да донесе побрза и поефикасна достава, помалку доцнења и подобра услуга за граѓаните.

„Македонска пошта“ доби 100 нови возила, инвестиција за која премиерот Христијан Мицкоски изјави дека претставува „нов почеток, нова енергија и нова функционалност“ за систем кој со години се соочувал со сериозни предизвици. Новиот возен парк беше промовиран како значаен чекор кон подобрување на услугите и побрза достава на пратките до граѓаните.

Според Мицкоски, Владата преку Министерството за транспорт реализирала набавка на сто нови возила поради реалната потреба од обновување на застарениот возен парк. Тој посочи дека просечната старост на досегашните возила била околу 15 години, што резултирало со чести дефекти, повисоки трошоци, намалена ефикасност, доцнење на пратките и незадоволство кај граѓаните. „Решивме да ставиме крај на тоа“, нагласи премиерот.

Тој додаде дека оваа набавка е дел од поширока стратегија за обнова и модернизација на институциите и јавните услуги. Целта, како што истакна, е институциите да бидат пофункционални и поефикасни за граѓаните, наместо да бараат оправдувања, пренесе МИА.

Тагови: Пошта на Македонија Скопје нови возила

Промовирани огласи »

Запознајте ја Ilona Popczyk – визионерот зад HR стратегијата на Green Man Gaming!

Запознајте го лидерот кој ги менува правилата во гејминг индустријата!

Со огромно задоволство ви ја претставуваме Ilona Popczyk, Chief People Officer & Data Protection Officer во Green Man Gaming, која доаѓа на сцената на Global HR Vision 2026!

Ilona е стратег со визија, чија кариера е посветена на креирање модерни и влијателни HR стратегии во динамични индустрии. Како Chartered Member на CIPD и амбасадор на Women in Games, таа е гласен поборник за инклузија, еднакви можности и постојан развој на професијата.

Што ја прави Ilona уникатен говорник?

  • Двојна експертиза: Мајсторски ги балансира потребите на бизнисот со благосостојбата на вработените, додека истовремено управува со комплексни регулативи за заштита на податоци.
  • Трансформациски лидер: Има богато искуство во водење компании низ процеси на брз раст и организациски промени.
  • Практичен пристап: Нејзините увиди не се само теорија, туку реални решенија за иднината на работата.

Подгответе се за инспиративна сесија која ќе ги промени вашите погледи кон HR лидерството!

Тагови: Global HR Vision HR трендови

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »