Викимедија МКД лого

Менаџер на заедница

Плата од 30.000 ден. до 35.000 ден.

Здружението на граѓани Викимедија МКД како огранок на Фондацијата Викимедија во Македонија, работи на промовирање на Википедија, како и на други сродни проекти.

На отворената работна позиција за 2024 година со можност на продолжување во наредните години, се бара иновативен, мотивиран поединец, со добро чувство за професионална одговорност и со работна етика за позицијата:

* Менаџер на заедница

Потребни квалификации:

  • Најмалку ВСС VII/1 степен (или најмалку 240 кредити според ЕКТС)
  • Одлично познавање на англиски јазик (пишување и зборување)
  • Возачка дозвола Б – категорија - не е услов
  • Познавање на работа со Википедија се смета за предност
  • Работно искуство од најмалку 2 години во невладин сектор се смета за предност

Работно време:

Работното време е 6 часа дневно, од кои 4 платени и 2 волонтерски часа, но доколку проектите го бараат тоа, може да биде и попладневно или за време на викенди.

Одговорности и задачи:

  • Водење на активностите, настаните и обврските што Здружението ги има со заедницата;
  • Спроведување на наградни и други видови уредувања во кои се повикува заедницата да учествува;
  • Проверка на статиите од учесниците на уредувачките повици;
  • Помагање на менаџерот за образование и менаџерот за маркетинг и комуникации, и/или другите членови при изведување на настани и проекти;
  • Да врши организирање на материјали и услуги потребни за проектите.

Ние нудиме:

  • Платена обука, и потоа вработување;
  • Интересна и исполнета седмица, соработка со различни профили на луѓе;
  • Патувања.

Ве покануваме да ја доставите Вашата професионална биографија (CV), мотивациско писмо и фотографија со назнака за позицијата ​на мејлот [најави се за да го видиш е-маилот]

Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат контактирани.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · забава · hr вести · hr совети · блог
барај огласи за вработување »