Промовирани огласи »

Најчести знаци дека вашиот црн дроб е замастен

Симптомите на замастен црн дроб може да бидат суптилни, но не треба да се игнорираат

Замастениот црн дроб, или стеатоза, е состојба кога во клетките на црниот дроб се насобира прекумерна количина на масти. Оваа состојба најчесто е поврзана со лоша исхрана, прекумерно внесување шеќери и масти, алкохол, но и со одредени метаболички нарушувања како што се дијабетес или зголемени нивоа на холестерол. Иако често не предизвикува симптоми во почетната фаза, со тек на време може да доведе до воспаление и оштетување на црниот дроб.

Симптомите на замастен црн дроб може да бидат суптилни, но не треба да се игнорираат. Чести знаци се чувство на замор, тежина или непријатност во горниот десен дел на стомакот, губење на апетит, надуеност, лесна мачнина и понекогаш жолтеникава боја на кожата или белките на очите. Лицата со оваа состојба често се чувствуваат слабо или без енергија, особено по оброци богати со масна храна. Дијагнозата најчесто се поставува преку лабораториски испитувања и ултразвук на абдоменот.

Како поддршка во справувањето со замастениот црн дроб, природната медицина нуди неколку ефективни решенија. Еден од најпознатите природни лекови е чајот од артичока, која има својства што го чистат и зајакнуваат црниот дроб. Исто така, куркумата и коренот од глуварче се препорачуваат за намалување на мастите и детоксикација. Важно е да се воведе здрава исхрана богата со свежо овошје, зеленчук, интегрални житарки и многу вода, како и редовна физичка активност. Со мала промена во навиките, црниот дроб може да се регенерира и повторно да функционира оптимално.

Тагови: здрава храна замастен црн дроб

Промовирани огласи »

Планирате излет за први мај? Еве какво ќе биде времето

Во Скопје времето ќе биде претежно сончево и топло, со повремена умерена облачност

Во текот на денот не очекува сончево и топло време, со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен ветер од северен правец, дожд кај Повардарието повремено ќе се засилува. Попладне постојат услови за краткотраен локален дожд и ретки грмежи.

Во Скопје времето ќе биде претежно сончево и топло, со повремена умерена облачност. Во попладневните часови, на одредени локации од котлината можна е појава на слаб дожд. Ќе дува умерен до повремено засилен северен ветер.

Временска прогноза за Скопје. За другите градови кликни ТУКА.

24.06.2025 Вторник   19° / 35°
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h


21°
20°
19°
19°
20°
21°
23°
26°
28°
31°
33°
34°
35°
35°
35°
35°
34°
33°
30°
29°
26°
24°

1

1

1

1

1

1

1

2

2

2

3

3

3

3

3

3

3

3

2

2

2

2
25.06.2025 Среда   19° / 37°
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h
23°
22°
21°
20°
20°
19°
20°
23°
27°
29°
31°
33°
34°
35°
36°
37°
37°
36°
36°
35°
32°
30°
28°
26°

2

2

2

2

2

2

2

2

2

2

2

2

2

3

3

3

3

3

3

3

2

1

2

2
26.06.2025 Четврток   22° / 38°
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h
25°
25°
24°
23°
23°
22°
23°
26°
28°
31°
33°
35°
36°
37°
38°
38°
38°
38°
38°
38°
33°
33°
33°
33°

2

2

2

2

2

2

2

2

1

2

2

2

3

3

3

3

3

3

3

3

1

1

1

1

Промовирани огласи »

На што најмногу треба да обрнете внимание кога барате работа?

Овие 6 грешки ги прави скоро секој што бара работа – дали и ти си меѓу нив?

Барањето работа може да биде предизвикувачки процес, но со вистинскиот пристап и внимание кон важните детали, можете да го направите многу поуспешен. Еве неколку клучни работи на кои треба да обрнете внимание:

  • Опишаните барања и одговорности

Внимателно прочитајте го огласот за работа. Дали имате вештини и искуство што се бараат? Размислете дали работната позиција одговара на вашите способности и интереси.

  • Компанијата и нејзините вредности

Истражете ја компанијата. Погледнете ја нивната веб-страница, социјални мрежи, и коментари од поранешни вработени. Дали би се вклопиле во нивната култура?

  • Работното време и локација

Проверете дали работното време и локацијата се прилагодени на вашиот животен стил. Флексибилноста и можноста за работа од дома може да бидат значајни фактори.

  • Платата и бенефитите

Ако се наведени, споредете ги условите со слични позиции на пазарот. Не се срамете да поставите прашања за плата, здравствено осигурување, бонуси и други погодности.

  • Можност за напредување

Размислете долгорочно. Дали оваа позиција нуди простор за развој и унапредување на кариерата?

  • Интервјуто како двонасочен процес

Не заборавајте – вие не се „продавате", туку и вие „купувате". Поставувајте прашања, бидете искрени и слушајте внимателно.

Запомнете, изборот на работа не треба да биде импулсивен – тоа е одлука која влијае на вашиот животен квалитет. Поставете си приоритети, и не се задоволувајте со нешто што не одговара на вашите вредности и цели.

Сакате промена на кариера, прочитајте и за: Како да ја смените кариерата во 3 чекори

Тагови: интервју за работа плата

Промовирани огласи »

Денеска истекува мерката за ограничување на маржите, ќе има ли зголемување на цените?

Ќе се зголемат ли цените по истекувањето на мерката за ограничување на маржите?

Истекува мерката за ограничување на цените и маржите што ја воведе Владата пред рамазанските и велигденските празници. Од Министерството за економија и труд велат дека прво ќе ги согледаат конечните резултати што ги даде мерката, а потоа ќе одлучат што ќе прават понатаму. Доколку има злоупотреби најавуваат нови поригорозни мерки.

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши порача дека ќе има ограничување на маржите за речиси сите производи или зголемување на вредноста на ограничувањето на маржите доколку по завршувањето на владината мерка Државниот пазарен инспекторат утврди девијантно однесување од страна на маркетите и енормно зголемување на цените.

Податоците од Државниот завод за статистика покажуваат дека мерката дава резултати, односно во март имаме инфлација од 2,7 проценти, а споредено со февруари имаме дефлација за 1,3 проценти, во делот на храна и пијалаци. Истите информации покажуваат дека и овој месец цените во делот на храна и пијалаци се намалени, така што оваа мерка дава резултати. Со Државниот пазарен инспекторат ќе бидеме на терен, ќе ги следиме цените ако има девијантно однесување од страна на маркетите или ако има енормно зголемување на цените нормално дека ќе одиме пак со нови мерки, изјави неодамна Дурмиши.

Ако трговците не се однесуваат како што треба или пак ги зголемуваат цените најави дека ќе има поригорозни мерки од тие што ги имавме досега.

Ако сега се опфатени 102 групи на основни прехранбени и непрехранбени производи тоа значи дека ќе опфатиме уште повеќе групи. Со одлуката што ќе ја донесеме за ограничување на маржите, ќе ги опфатиме скоро сите производи што ги имаат синџирите на маркети или вредноста на ограничувањето на маржите ќе биде поголема, рече Дурмиши.

Заменик министерот за економија и труд Марјан Ристески вчера посочи дека досегашните податоци од Државниот завод за статистика покажуваат дека се добри резултатите од воведувањето на мерката, но кажа дека ќе ги чекаат крајните резултати кои ќе бидат готови наредната недела за да одлучат што ќе прават понатаму.

Ако има потреба би продолжиле со мерката, а ако нема тогаш останува пазарната економија да ги регулира цените, изјави Ристески.

Се надевам, додаде, дека поучени од минатото сите учесници во синџирот на трговија веќе ја научија лекцијата дека пред се треба да бидат граѓаните и заштитата на животниот стандард.

Сите заедно треба да направиме се за да го заштитиме стандардот на граѓаните и да не правиме вештачко подигнување на инфлацијата и цените кога нема економски прилики за тоа, односно да ги почитуваме законите на економијата, посочи Ристески.

На предлог на Министерството за економија и труд од 20 март годинава се применува ограничена бруто профитната маржа на 102 групи на производи и за утврдување на највисоки цени на осум групи на прехранбени производи. Мерките истекуваат денеска.

Тагови: Влада на РСМ минимална кошница Министерство за економија Државниот завод за статистика

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »