Промовирани огласи »

Како Кина ја користи роботиката за да ја надмине глобалната конкуренција

Кина инвестира масовно во роботизација и автоматизација на производството,

Кина инвестира масовно во роботизација и автоматизација на производството, што ѝ овозможува да ја одржи ниска цената на производите и покрај глобалните трговски бариери и високи тарифи. Денес, кинеските фабрики се поавтоматизирани од оние во САД, Германија или Јапонија, со исклучок на Јужна Кореја и Сингапур. Оваа технолошка предност ѝ овозможува на Кина да произведува со голема ефикасност и да доминира дури и во снабдувањето со опрема на западни фабрики.

Кинеската влада вложува огромни средства – преку државни фондови и банки – за развој на вештачка интелигенција, роботика и модерни фабрики. Роботите со вештачка интелигенција стануваат се подостапни, а локалното производство им овозможува значителна ценовна предност. Иако луѓето сè уште се потребни за фини процеси и контрола на квалитетот, машините преземаат сè поголем дел од работата.

Главен мотив зад овие напори е демографската криза – со драстично намален број на новороденчиња и опаѓање на населението во работоспособна возраст, Кина мора да ја зголеми продуктивноста преку автоматизација. Универзитетите годишно произведуваат стотици илјади технички кадри, значително повеќе од другите земји, со што ја обезбедуваат технолошката база за оваа трансформација. Според експертите, продуктивноста е единствениот начин Кина да ја задржи својата економска предност.

Тагови: Кина роботи автоматизација

Промовирани огласи »

KARIERA.mk на кариерниот ден организиран од South East European University

На нашиот штанд имавме можност не само да ги запознаеме студентите со МојаKARIERA картичката и сите нејзини придобивки, туку и да оствариме топла, пријателска дружба.

KARIERA.mk беше дел од Кариерниот ден организиран од SEEU, каде што учествуваа голем број реномирани компании меѓу кој зема учевство и KARIERA.mk, која е сè повеќе препознаена од младите и амбициозни луѓе што ја градат својата професионална иднина.

На нашиот штанд имавме можност не само да ги запознаеме студентите со МојаKARIERA картичката и сите нејзини придобивки, туку и да оствариме топла, пријателска дружба.
Сите посетители беа љубезно почестени со КАРИЕРА кафе, додека нашите претставници им објаснуваа како картичката функционира, како може да им помогне во процесот на вработување, и на кој начин можат побрзо и поефективно да се истакнат пред работодавачите

Што добивате ако ја активирате вашата МојаKARIERA картичка?

🔹 Препорака до компаниите! – BASIC

Вашето CV директно се препраќа до соодветни компании со кои KARIERA.mk има стабилна и партнерска соработка, со што значително се зголемуваат шансите да стигнете побрзо до вработување.

🔹 Професионална проверка на вашето CV – PRO

Нашиот искусен тим прави детална анализа и ви испраќа конкретни препораки за унапредување на вашето претставување пред работодавците – со цел да блеснете уште при првиот впечаток.

Дополнително, спроведовме и мини интервјуа со млади студенти, кои отворено ги споделија своите очекувања за првата работа, професионалните надежи и визијата за кариера. Нивните мислења се важен показател за насоката во која треба да се движи пазарот на трудот.

Погледнете дел од атмосферата – галеријата од слики е во прилог.

Тагови: Кариера Онлајн

Промовирани огласи »

Најновите огласи за работа во Скопје!

Најди работа во Скопје!

Скопје како главен град и економски центар на Македонија нуди широк спектар на можности за вработување во разни индустрии и сектори. Во последно време, пазарот на трудот во Скопје забележува зголемена побарувачка за професионалци од различни области, од технологија и маркетинг до угостителство и администрација. 

Еве некои од најновите и најпопуларни огласи за работа во градот:

Асистент на продажба - Скопје
Фармацевт со лиценца - Скопје
Персонал за продажба во Илинден
Сениор специјалист за сметководство
Пракса во сектор за Логистика

Останатите оглси за во Скопје можете да ги најдете ТУКА.

Прочитајте и за: Најновите огласи за работа во Тетово!

Промовирани огласи »

Кои се вашите права доколку работите ноќна смена - подолг годишен одмор и посебна заштита

Работодавачот, кој користи редовно работници за ноќна работа е должен да ја извести инспекцијата на трудот.

Како ноќна работа според Законот за работни односи се смета работењето во ноќно време и тоа во периодот  меѓу 22,00 часот и 6,00 часот наредниот ден. 

Работодавачот, кој користи редовно работници за ноќна работа е должен да ја извести инспекцијата на трудот. Од аспект на заштитата при работа, работата ноќе претставува тежок и неповолен услов за работа, и затоа тој претставува посебен услов за работа и како таков треба да биде утврден во договорот за вработување.

Работникот има посебни права кога работи ноќно време:

  • Работникот кој работи ноќе барем три часа од својата редовна дневна работна обврска, односно работникот кој одработува ноќе третина од полното работно време од својата годишна работна обврска, има право на посебна заштита за ноќна работа.
  • Ако на работник заради ноќна работа според мислење на лекарската комисија заради таквото работење би можела да му се влоши здравствената состојба, работодавачот е должен да го ангажира на соодветна работа дење.
  • Работодавачот, на негов трошок е должен на работниците кои работат ноќно време да им обезбеди:

1) подолг одмор;

2) соодветна храна;

3) стручно раководство на работниот, односно производниот процес и

4) лекарски прегледи, пред нивно ангажирање во ноќна работа и во редовни временски периоди утврдени со закон.

  • Ако работата се врши во смени, работодавачот е должен да обезбеди периодично менување на работниците.
  • Работодавачот не смее да го распореди на ноќна работа работникот на кој нема да му обезбеди услови за превоз до и од работа.
  • Работното време на работникот кој работи ноќе на работно место, каде што постојат поголеми опасности од повреди или здравствени оштетувања, не смее да трае повеќе од осум часа дневно.

Посебна заштита

Во контекст на правата на заштита при работата, работата ноќе се јавува и како услов за утврдување на правото на посебна заштита на одредени категории работници во текот на работата, пред се жените работници, повозрасните работници и работниците под 18 годишна возраст.

-Работничка од областа на индустријата и градежништвото не може да се распореди на работа ноќе ако работата во тоа време би оневозможила да оствари одмор од најмалку седум часа во времето меѓу 22,00 часот и 5,00 часот наредниот ден. Ова не се однесува на работничка која има посебни овластувања и одговорности или која врши работи на здравствена, социјална и друга заштита на работници.

  • Работникот кој сé уште не наполнил 18 години возраст не смее да работи ноќе меѓу 22,00 часот и 6,00 часот наредниот ден. По исклучок може да се одреди работникот кој сé уште не наполнил 18 години возраст да работи ноќе во случај на виша сила, кога таквата работа трае определено време и мора веднаш да биде извршена, а полнолетните работници не се на располагање.
  • На повозрасниот работник(од 57 години жени и 59 години мажи) работодавачот без согласност на работникот не смее да му одреди прекувремена или ноќна работа.

Казна

Глоба во износ од 2.000 до 3.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на работодавач – правно лице, ако ноќната работа ја организира спротивно на Законот за работни односи, односно не го извести инспекторот за воведување на ноќна работа;

Битен елемент во однос на погоре наведените права е да работникот претходно поднесе барање до работодавецот во врска со било кое право кога работникот работи ноќе. Доколку и во тој случај не се исполни правото се пристапува кон тужбено барање.

Тагови: ноќна смена работнички права

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »