Друштво за ревизија РСМ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје лого

Асистент за пресметка на плата и Специјалист за пресметка на плата

(преземи го огласот во Word)

Друштво за ревизија РСМ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје, објавува огласи за работни места: 1. Асистент за пресметка на плата без работно искуство2. „Специјалист за пресметка на плата со искуство“

  1. Опис на работно место „Асистент за пресметка на плата без работно искуство

               Вработениот ќе ги има следниве работни одговорности:

  • Води евиденција за боледувањата на вработените на клиентот и врши поднесување на документи за боледување на вработени до Фондот за здравствено осигурување;
  • Води евиденција и поднесува обрасци за здравствено осигурување и обезбедува здравствени картони за вработените на клиентот;
  • Води евиденција и врши пријавување и одјавување на вработени на клиентот во Агенцијата за вработување;
  • Води евиденција и врши пријавување/одјавување односно регистрации во други државни институции;
  • Учествува во/изготвува пресметки за плата и извештаи врз основа на месечни варијабилни податоци

          Критериуми за работно место:

          Кандидатот треба да ги исполнува следните критериуми:

  • Високо образование, VII/1 Степен Факултет од општествени науки или стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС;
  • Аналитичност;
  • Ажурност;
  • Педантност и точност;
  • одлично познавање на ексел, ворд и други компарабилни програми за компјутерско работење;
  • знаење на англиски јазик;
  • позитивен став
  1. Опис на работно место „Специјалист за пресметка на плата со работно искуство“

           Вработениот ќе ги има следниве работни одговорности:

  • Прави подготовка и контрола на добиени основни податоци за вработените од Асистентот и клиентот;
  • Изработува пресметка врз основа на добиените податоци за пресметка на плата;
  • Изработка на извештаи за пресметката и доставување до клиентот;
  • Изработка на месечна декларација и годишен извештај и нивно доставување до Управата за јавни приходи;
  • Комуницира со клиентот за прашања поврзани со добиените податоци и пресметката на плата

Критериуми за работно место:

Кандидатот треба да ги исполнува следните критериуми:

  • Високо образование, VII/1 Степен Факултет од општествени науки или стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС;
  • Претходно работно искуство од 3 години;
  • Самостојност во вршењето на работите;
  • Познавање на административно работење;
  • Одлично познавање на McOffice;
  • Одлично познавање на деловен англиски јазик;
  • Умешност да се работи со голем обем на информации;
  • Работа во куси временски рокови;
  • Исполнителност;
  • Способност за индивидуална и тимска работа;
  • Одговорна и лојална личност;
  • Позитивен став

Вашите професионални биографии и друга документација, како и копија од уверение и/или диплома за завршено високо образование можете да ги доставите на следната e-mail адреса: [најави се за да го видиш е-маилот] со задолжителна назнака за која работна позиција аплицирате:

  „За работно место: 1.Асистент за пресметка на плата без искуство“

  „За работно место: 2. Специјалист за пресметка на плата со искуство

Датум на огласот: 28.04.2021

Прием на апликации до: 28.04.2021

Огласот трае до 12.05.2021 година, а изборот ќе се изврши преку претходно тестирање, во определен рок согласно бројот на пријавени кандидати како и Законот за работни односи на Република Северна Македонија.

• САМО апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Останати огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · забава · hr вести · hr совети · блог
барај огласи за вработување »