Парти Сервис Лео ДООЕЛ лого

Технолог за производство на храна

За компанијата:

Парти Сервис Лео e една од најголемите водечки компании во иновативните процеси на производство, дистрибуција и послужување на вкусна и свежа храна на територијата на Република Северна Македонија. Нашата... повеќе за компанијата »

Активни огласи од Парти Сервис Лео ДООЕЛ:

Раководител на продажен објект

                                           Технолог за производство на храна

                                                          (1 позиција, Скопје)

 

Профил на кандидатот:

  • Високо образование
  • Минимум 3 (три) години работно искуство на работна позиција “Технолог за производство на храна”
  • Самоиницијативност и иновативност
  • Организираност, одговорност, лојалност
  • Совесност во извршување на работните задачи
  • Способност за истражување и развој на нови производи

 

Опис на работни задачи и одговорности:

  • Контрола на производствениот процес и усогласеност на нормативите
  • Развој на ефективни процеси и планови за контрола на квалитет, како и надзор и ревизија над менијата со цел нивно подобрување
  • Се грижи за спроведување и имплементација на HACCP и ISO стандардите за квалитет и безбедност на храна и врши контрола и надзор над вработените во делот на исполнувањето на хигиенските стандaрди
  • Воспоставува комуникација со клиентите со цел подобрување на квалитетот на целокупното работење и техничките перформанси
  • Ги надгледува вработените во процесот на производство и дава насоки и повратни информации
  • Се грижи и ја чува потребната документација, врши статистички анализи и чува примероци
  • Го контролира излезот на храна, ги изготвува и контролира испратниците
  • Го контролира магацинското работење
  • Внесува фактури во систем и изготвува извештаи на барање од претпоставените

 

На кандидатот му нудиме:

  • Работа во пријатна работна средина
  • Работно време од 40 часа неделно
  • Конкурентни месечни примања
  • Организирана исхрана
  • Платен превоз
  • Колективно осигурување 24/7
  • Можност за професионален развој

 

Доколку сте сигурни дека ја поседувате потребната амбиција, желба за успех и страст да се приклучите кон нашиот успешен тим, и сте спремни да ги користите извонредните можности за професионален развој кои ние ги нудиме, испратете ја вашата кратка биографија CV на е-маил vrabotu [најави се за да го видиш е-маилот]  со назнака “ Технолог  за производство на храна”

Со аплицирањето кандидатот изјавува дека е согласен неговите лични податоци наведени во CV- то да бидат собрани и обработени од ПАРТИ СЕРВИС ЛЕО ДООЕЛ Скопје во согласност со Законот за заштита на лични податоци. Кандидатот изјавува дека е запознаен дека неговите лични податоци се собираат и обработуваат со цел избор  на кандидатот за позицијата за која аплицираат. Кандидатот има право во секое време да ја повлече дадената согласност за чување и обработка на неговите лични податоци.

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · забава · hr вести · hr совети · блог
барај огласи за вработување »