
Граве Имоти дооел Скопје е членка на GRAWE Immobiliengruppe и заедно сочинуваат составен дел на GRAWE Group, која работи повеќе од 190 години, а денес работи како меѓународна компанија која обединува осигурување, банки и компании за недвижности. Довербата, почитта и доверливоста се темелот на кој ги градиме односите со нашите соработници, но и меѓусебно како колеги.
Доколку се гледате себеси во организација во која ќе можете да придонесете со вашето знаење, искуство и пристап и да поддржите успешен бизнис, придружете ни се!
ДОМАР ХАУСМАЈСТОР
Локација: Скопје
Вашите работни обврски се:
- Контрола на механички и електрични инсталации (пумпи, чилер, осветлување итн.)
- Мали електрични поправки инсталација (осветлување, прекинувачи, приклучоци, осигурувачи, итн.)
- Инсталација и демонтирање на сифони, чешми, одводи и други водоводни инсталации
- Контактирање со добавувачите
- Координација на работите и надзор
- Грижа за животната средина и зелените површини
Доколку ги поседувате следните квалификации:
- Минимално pаботно искуство во извршување на слични работи на деловни или стамбени објекти
- Основни познавања од машинските инсталации, водовод и електро и искуство со работа со нив
- Самостојна работа на помали поправки и соработка со други колеги
- Основно познавање на завршни работи во градежништвото (керамички, водоводни и електрични инсталации, бојадисување, ГК ѕидови)
- Проактивен и посветен пристап кон работата
- Организација и склоност кон тимска работа
- Поседување на возачка дозвола Б категорија ќе се смета за предност
Со работа во GRAWE Имоти Скопје ќе добиете…
- Договор во реномирана Австриска компанија
- Можност за унапредување и награди за постигнатите резултати
- Можност за континуирано усовршување преку учење на нови знаења и вештини
- Искуство со работа во општествено одговорна компанија
- Корпоративно градење тим и други тимски активности
Испратете ја Вашата професионална биографија на следната e-mail адреса: [најави се за да го видиш е-маилот]
Слични огласи »