Добивај е-маил известувања за секој нов оглас.
Компанијата Аполло е брзорастечка компанија која се занимава со големопродажба и малопродажна, воедно и е дел од меѓународната компанија Аполло. Во своја сопственост ги има малопродажната продавница... повеќе за компанијата »
(преземи го огласот како слика)
Оглас за работа
Компанијата Аполло е брзорастечка компанија која се занимава со големопродажба, воедно и е дел од меѓународната компанија Аполло. Во своја сопственост ги има малопродажните продавници Бубамара, кои се специјализирани за продажба на производи за бебиња и деца. Поради зголемениот обем на работа, имаме потреба од нов соработник/ вработен.
Стручно лице во областа дигитален маркетинг (м/ж)
Доколку сте позитивна, иновативна личност, насочена кон напредок, со искуство во областа дигитален маркетинг, управување со интернет продажба, доколку сте креативни во пишување текстови/ описи, Вие сте вистинската личност за нашиот тим.
Опис на работно место:
Управување со интернет продажба
Администрација на интернет продажба
Дизајн и уредување на интернет активности
Пишување текстови/ описи за интернет страницата
Управување и уредување на содржини на социјалните мрежи
Координација со надворешни соработници
Дизајн, поставување и следење на текот на интернет/ дигиталната кампања
Останати работи во областа на маркетингот
Квалификации:
Минимум 3 години работно искуство во областа на водење интернет продажба и дигитален маркетинг
Конкретни искуства во управување со интернет продажба
Искуство во водење на социјални мрежи
Креативно подготвување на маркетинг материјали
Стремеж кон постигнување цели, мотивираност, одговорност и професионален пристап
Комуникативност, став, познавање на е-комерција, трендови во областа на дигитален маркетинг
Иновативност, брзина, точност, прилагодливост, достапност, снаодливост
Познавање на српски или хрватски јазик
Нудиме:
Вработување на одредено, а потоа и на неодредено време
Вработување на половина работно време
Работа во млад и креативен тим во пријатно и динамично опкружување
Интерактивно работно место со многу можности за напредување и изразување на сопствениот став
Редовни и мотивирачки месечни примања
Работното место е во компанијата која е со седиште во Скопје, а својата пријава за вработување испратете ја на македонски и англиски јазик, најдоцна до 19.07.2019 на email: [најави се за да го видиш е-маилот] .
Останати огласи »
Обуки
пред 3 часа
пред 4 часа
пред 5 часа
пред 6 часа
пред 7 часа
пред еден ден
пред 2 дена
пред 3 дена
пред 4 дена