Парти Сервис Лео ДООЕЛ лого

Хоспиталити Менаџер

За компанијата:

Парти Сервис Лео e една од најголемите водечки компании во иновативните процеси на производство, дистрибуција и послужување на вкусна и свежа храна на територијата на Република Северна Македонија. Нашата... повеќе за компанијата »

Хоспиталити Менаџер

(2 позиции, Скопје)

Потребни квалификации:

  • Завршено Високо образование
  • Претходно работно искуство од 3 (три) години на иста или слична позиција  ќе се смета за предност
  • Висок степен на одговорност и аналитичност
  • Одлични комуникациски и организациски вештини
  • Самоиницијативност и посветеност
  • Енергичност, доверливост и истрајност
  • Висок личен интегритет и деловна култура
  • Флексибилна личност која е подготвена за тимска работа
  • Познавање на англиски јазик
  • Возачка дозвола Б категорија

Работни одговорности:

  • Планира, организира и координира дневни активности во рамки на објектот
  • Обезбедува ефикасно функционирање на сите оддели
  • Следи и оптимизира работни процеси со цел зголемување на продуктивноста
  • Осигурува висок стандард на услуга и послужување
  • Континуирано го следи задоволството на гостите преку анкети и повратни информации
  • Превзема мерки за подобрување на корисничкото искуство
  • Раководи, обучува и мотивира вработени
  • Организира распоред на работа и распределба на задачи
  • Обезбедува професионална комуникација со гости и партнери
  • Ефикасно решава поплаки и конфликтни ситуации
  • Гради долгорочни односи со клиенти
  • Учествува во буџетирање и контрола на трошоци
  • Подготвува извештаи за работењето
  • Контролира залихи и набавки
  • Обезбедува почитување на законските регулативи
  • Следи стандарди за хигиена, безбедност и квалитет
  • Имплементира интерни политики и процедури

Нa кандидатот му нудиме:

  • Работа во позитивна и пријатна атмосфера
  • Полно работно време од 40 часа неделно
  • Работниот однос се заснова на определено време со можност за продолжување
  • Конкуренски месечни примања
  • Подарок за роденден
  • Организирана исхрана
  • Платен превоз
  • Колективно осигурување 24/7

Доколку сте сигурни дека ја поседувате потребната амбиција, желба за успех и страст да се приклучите кон нашиот успешен тим, и сте спремни да ги користите извонредните можности за професионален развој кои ние ги нудиме, испратете ја вашата кратка биографија CV на е-маил [најави се за да го видиш е-маилот]   со назнака “Хоспиталити Менаџер ”

Со аплицирањето кандидатот изјавува дека е согласен неговите лични податоци наведени во CV- то да бидат собрани и обработени од ПАРТИ СЕРВИС ЛЕО  ДООЕЛ Скопје во согласност со Законот за заштита на лични податоци. Кандидатот изјавува дека е запознаен дека неговите лични податоци се собираат и обработуваат со цел избор  на кандидатот за позицијата за која аплицираат. Кандидатот има право во секое време да ја повлече дадената согласност за чување и обработка на неговите лични податоци.

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »