
За компанијата: Рауче Медикал дооел Скопје е нова компанија регистрирана за истражување на пазарот и промоција на медицински производи, пред се во областа на анестезиологијата и интензивната нега. Дистрибуираме медицински...
повеќе за компанијата »(преземи го огласот во Word)
За нас:
Рауче Медикал дооел Скопје е нова компанија регистрирана за истражување на пазарот и промоција на медицински производи, пред се во областа на анестезиологијата и интензивната нега. Дистрибуираме медицински производи од иновативни и клинички оправдани современи технологии, а примарна цел ни е да го обезбедиме оптималниот исход за пациентот.
Нашиот тим го сочинуваат млади професионалци кои континуирано се едуцираат и усовршуваат во своите области на работа. Со цел зајакнување на нашиот тим, бараме лице со искуство и знаење во овој дел од бизнисот да работи со нас и да придонесе за додадена вредност за нашата компанија.
Опис на работно место:
Вработениот ќе работи како менаџер за продажба кој го вклучува следново:
- Истражување на пазарот, презентација на медицински производи и одржување контакти со клиентите на работодавачот во болниците во Северна Македонија
- Постигнување на планот за продажба
- Учество на стручни и научни конференции (вклучувајќи организирање и давање презентации и одржување работилници);
- Подготвување и испраќање извештаи за одржани состаноци со клиентите на работодавачот, составување и испраќање табели за евиденција на посети до Управниот одбор;
- Доставување на информации за доделениот календарски годишен план за активности;
- Подготвување извештаи за активности, анализа на конкурентни понуди во одреден период и/или кои се однесуваат на поединечни договорни органи и/или поединечни производи
- Учество во подготовка за постапки за јавни набавки, како и во постапки за претходна консултација;
- Извршување на налози како што е наложено од Управниот одбор на компанијата;
Барања за работа
Лицето , потенцијален кандидат за оваа работна позиција треба:
- Да има професионално искуство: најмалку 2 години;
- Да биде независна и одговорна личност со одлични комуникациски вештини,
Професионални квалификации: средно образование, универзитетска диплома, Медицински факултет, Стоматолошки факултет, Фармацевтски факултет, Технолошки факултет или друг соодветен факултет.
Странски јазици:
- Одлично владеење на англиски јазик
- Валидна возачка дозвола Б категорија
Ние, како работодавец ви нудиме:
- Договор за вработување на неопределено време (шестмесечен пробен период)
- Предизвикувачка и динамична работа во пријателска работна средина
- Меѓународно искуство
- Mожност за континуирано професионално усовршување и обука
- Високо ниво на независност
- Mобилен телефон, автомобил и лаптоп
- Oсновно, базично образование, за потребите на работата
- Pлата по договор
Работно време: полно работно време- 40 часа неделно
ВЕ МОЛИМЕ ДОСТАВЕТЕ ВАШЕ CV на англиски јазик на:
Info [најави се за да го видиш е-маилот]
[најави се за да го видиш е-маилот]
[најави се за да го видиш е-маилот]
Слични огласи »