АСПЕКТУС ФАРМА ДОО експорт-импорт Скопје лого

Квалификувано лице одговорно за ставање на серија на лек во промет (QP)

За компанијата:

Аспектус Фарма е иновативна и кооперативна компанија со висок интегритет, што и овозвожува високо квалитетно производство на лекови и воспоставување партнерства со глобалните фармацевтски компании за... повеќе за компанијата »

Квалификувано лице одговорно за ставање на серија на лек во промет (QP)
 
Пријавените кандидати треба да ги исполнуваат следните услови:
 
Завршен Фармацевтски факултет (Магистер по фармација);
Завршена специјализација по испитување и контрола на лекови или фармацевтска технологија;
Искуство во фармацевтска индустрија најмалку две години;
Одлично познавање на MS Office - пакетот и интернет пребарувачите;
Задолжително познавање и непречена комуникација (писмена и усна) на англиски јазик;
Способност за самостојна работа, посветеност, организациски и комуникациски способности, ентузијазам за нови знаења и техники, лојалност, тимска работа, флексибилност.
 
Работни задачи:
 
Обезбедува следење и непречено работење на производството и контролата на секоја серија произведен лек во согласност со законската регулатива и подзаконските акти кои се донесени за лековите, како и во согласност со барањата за добивање на одобрение за ставање на лек во промет;
Обезбедува следење на производството  на секоја серија лек спроведена во согласност со препораките на Добра производна пракса.
Потврда за квалитетот на производот во потполност усогласен со барањата од Спецификациите и Одобрението за ставање на лек во промет;
Квалификуваното лице одговорно за ставање на серија на лек во промет, гарантира дека прегледот на квалитетот на производот е согласно законските стандарди, барањата на добра производна пракса и спецификациите за квалитет;
Го следи процесот на работа и усогласеноста на истиот со останатите сектори.
 
Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите биографии можат да ги испратат на e-mail: [најави се за да го видиш е-маилот]  

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »