Многу луѓе работат напорно со години, но и понатаму остануваат на истата позиција, со истите задачи и истото чувство дека кариерата им е „во место“. Причината не е секогаш недостаток на знаење или талент често станува збор за навики и грешки што тивко го забавуваат професионалниот раст.
Една од најчестите грешки е комфор зоната. Кога постојано ги извршувате истите задачи без да преземате нови предизвици, компанијата почнува да ве гледа како некој што е „добар за тековната позиција“, но не и како потенцијален лидер или напреден кадар.
Друга голема грешка е мислењето дека напорната работа сама по себе автоматски носи унапредување. Да, трудот е важен, но видливоста е исто толку клучна. Ако никој не знае за вашите идеи, резултати и иницијативи, тешко дека ќе бидете земени предвид за повисока позиција.
Многумина избегнуваат дополнителна едукација и развој на нови вештини. Во време кога пазарот и технологијата брзо се менуваат, стагнацијата во знаење често значи стагнација и во кариерата. Луѓето што напредуваат најбрзо постојано учат, се адаптираат и инвестираат во себе.
Проблем може да биде и недостатокот на иницијатива. Ако секогаш чекате некој да ви каже што да направите, ретко ќе бидете препознаени како личност подготвена за поголема одговорност. Компаниите бараат луѓе што размислуваат проактивно и нудат решенија.
Исто така, негативниот став, постојаното жалење или избегнувањето тимска комуникација можат сериозно да влијаат на тоа како ве перципираат колегите и менаџерите. Професионалниот раст не зависи само од техничките способности, туку и од начинот на кој соработувате и комуницирате.
На крајот, ако сакате кариерата да ви се движи напред, потребно е свесно да излезете од рутината. Напредувањето не доаѓа само со години работен стаж туку со иницијатива, учење, храброст и континуиран личен развој.
Прочитајте и за: Како да го „детоксирате“ умот и да работите попаметно?
Тагови: совети за работа