Промовирани огласи »

BioLybra нова генерација природна поддршка за телото и умот ексклузивно во Виола Аптеките!

Револуција во додатоците во исхраната: BioLybra ексклузивно во Виола Аптеки!

Во време кога современиот начин на живот сè повеќе носи хроничен стрес, замор и воспалителни состојби, на пазарот пристигнува нова генерација додатоци во исхраната BioLybra. Инспириран од природата и поддржан од современи научни истражувања, брендот нуди иновативен пристап кон благосостојбата на телото и умот преку уникатна комбинација од масло од семе од коноп, чисти терпени, растителни екстракти и витамини.

BioLybra е создаден со јасна мисија да помогне во модулирање на воспалителните процеси, оксидативниот стрес и психофизичката непријатност, делувајќи не само врз симптомите, туку и врз изворот на проблемот. Производите се базираат на патентирана мешавина која комбинира масло од семе од коноп, витамин Е, витамин А и бета-кариофилен природен фитоканабиноид кој делува на ендоканабиноидниот систем, важен регулатор на имунолошките, воспалителните и стресните процеси во организмот.

Според достапните in vitro тестирања, BioLybra покажува значителна антиинфламаторна и антиоксидантна активност, со намалување на маркерите поврзани со воспаление и оксидативен стрес. Дополнително, концептот на „entourage effect“ овозможува синергиско дејство на природните состојки за подобрување на целокупната рамнотежа на организмот.

Во рамки на линијата, BioLybra CALM е формулиран како поддршка за ментална благосостојба, релаксација и подобрување на расположението во периоди на стрес и анксиозност. Комбинацијата од линалоол, екстракт од грифонија богат со 5-HTP и витамин Б6 придонесува за поддршка на нервниот систем, подобар сон и психофизичка рамнотежа.

Од друга страна, BioLybra DOL е насочен кон поддршка на мускулите и зглобовите, намалување на воспалението и олеснување на болката. Формулата содржи Terpendol Complex, екстракт од ѓумбир и витамин Б12, а е дизајнирана да придонесе за подобрување на зглобната функција, намалување на напнатоста и поддршка на физичката издрливост.

Создавањето на BioLybra е резултат на долгогодишно истражување, страст и посветеност кон подобрување на квалитетот на животот. Брендот носи современо, природно и иновативно решение за луѓето кои бараат баланс, поддршка и благосостојба во секојдневниот живот.

Производите BioLybra се ексклузивно достапни во Виола Аптеки.

Тагови: ПЗУ Аптека ВИОЛА

Промовирани огласи »

Најди работа во Битола!

Најнови огласи за работа во Битола!

Денес ви ги издвојуваме најпосетуваните работни позиции во Битола на KARIERA.mk, се надеваме дека ќе го најдете вашето идеално работно место меѓу нив.

Во последниот период, се забележува раст на огласи во различни индустрии, што е показател за економскиот развој на градот и зголемената потреба за квалификуван кадар. Овие огласи ги опфаќаат сите сектори – од производство, услуги и администрација, па сè до технологија, здравство и образование.

Во продолжение дел од огласите:

Рент а кар агент/ KIA претставник
Дистрибутер со ц - категорија - Битола
Експерт за кредитирање во филијала - Битола
Фармацевт со лиценца - Битола
Административна асистентка

Достапноста на различни работни позиции на нашиот веб сервис нуди голем спектар на можности за лицата со различни квалификации и професионално искуство. Овие огласи не само што го поттикнуваат индивидуалниот кариерен развој, туку придонесуваат и за подобрување на локалната економија и подигање на стандардот на живот во Битола.

Доколку сте спремни за нов работен предизвик, сите останати работни позиции за во Битола можете да ги најдете ТУКА.

Прочитајте и за: Огласи за работа во Велес!

Промовирани огласи »

Како да имаш поголем фокус и продуктивност во текот на денот

Пробај ги овие совети

Кога температурите растат, концентрацијата и енергијата често паѓаат, а работните обврски стануваат потешки од вообичаено. Во летниот период многу луѓе се чувствуваат поспано, уморно и демотивирано, особено во попладневните часови. Токму затоа е важно да се направат мали промени во текот на денот кои можат значително да ја подобрат продуктивноста и фокусот.

Една од најважните работи е добрата хидратација и правилната организација на обврските. Најважните и најзахтевните обврски заврши ги во утринските часови, кога времето е посвежо, а фокусот и енергијата се на повисоко ниво. Прави кратки паузи, избегнувај тешка храна и носи лесна и удобна облека доколку работната средина го дозволува тоа. Климатизиран простор и свеж воздух исто така можат многу да влијаат врз ефикасноста.

Иако летото носи помалку енергија, со добра организација може успешно да се одржи работниот ритам. Не мора секој ден да биде максимално продуктивен важно е да се најде баланс помеѓу работата, одморот и грижата за себе. Малите навики во текот на денот често прават најголема разлика кога станува збор за продуктивноста на жештини.

Тагови: вода замор совети за работа топло време

Промовирани огласи »

Вработување во А1 Македонија!

Огласи за работа во А1 Македонија!

Компанијата А1 Македонија е дел од Групацијата А1 Телеком Австрија – водечки провајдер на комуникациски и дигитални решенија во Централна и Источна Европа. Како дел од оваа реномирана групација, А1 Македонија нуди иновативни услуги и решенија кои ги следат најновите технолошки трендови, со цел да им овозможи на корисниците подобро поврзување, поголема ефикасност и подобрено дигитално искуство.

Моментално вработува:

Агент за телефонска продажба - германски јазик
Агент во контакт центар - германски јазик
Infrastructure and Application Security Stream Lead (f/m/d)
Information Security Expert (f/m/d)
Business Analyst – Billing (f/m/d)

Сите останати огласи од А1 Македонија можете да ги најдете ТУКА.

Се уште невработени?! Сите останати активни работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Тагови: А1 Македонија ДООЕЛ Скопје

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »