
За компанијата: Со посветеност која трае веќе 15 години, со иновативни и сеопфатни услуги, Мотиви успешно им служи на најголемите компании на нашиот пазар и овозможува креирање на успешни работни односи. Од самиот почеток...
повеќе за компанијата »Мотиви Вработување за потребите на својот клиент Аквасејв – специјализирана фирма за откривање дефекти на водоводни, одводни и топловодни системи, објавува оглас за:
ОПЕРАТОРИ
На кандидатите им нудиме:
- Работно време од 38 часа неделно: понеделник – петок (08:00–16:00) и секој последен петок (08:00–14:00)
- Одлични услови за работа со редовни месечни примања
- Можност за дополнителни бонуси и бенефиции
- Платен годишен одмор и бенефиции надвор од закон од страна на компанијата
- Приватно здравствено осигурување
- Работа во тим со висока соработка и професионалност
- Работен ангажман во пријатно и позитивно опкружување
- Платено 24-часовно осигурување
Потребни квалификации:
- Завршено средно образование од техничка област
- Претходно работно искуство на терен ќе се смета како предност
- Активна возачка Б-категорија (способност за безбедно возење комбе возило со носивост од 1.000 кг)
- Познавање на работа со компјутери (Excel, Word)
- Познавање на англиски јазик (основна комуникација, работа со апаратура)
- Посветеност и лојалност кон работата
- Подготвеност за активности и извршување задачи на терен, во внатрешни или надворешни услови
Дополнително:
За операторите на почеток ќе биде обезбедена специјализирана теоретска и практична обука.
Начин на аплицирање:
Сите заинтересирани кандидати може да аплицираат на копчето за брза апликација, своите професионални биографии можат да ги проследат на: kariera@motivi.mk (со назначена позиција за која сте заинтересирани), или со порака на Viber: +389 78 479 313
Напомена: Со испраќање на пријавата, кандидатот дава согласност компанијата да ги обработува неговите лични податоци во постапката за селекција во склад со законот за заштита на лични податоци.
* Кандидатoт, во секое време, може да ја повлече согласноста со испраќање на известување на електронската пошта [најави се за да го видиш е-маилот]
Слични огласи »