Промовирани огласи »

Лош воздух во Македонија – топ 3 најзагадени града!

Погледнете ги најновите податоци за ПМ10 честичките и дознајте кои македонски градови го имаат најлошиот квалитет на воздухот денес.

Велес денеска ја предводи листата со највисоко ниво на ПМ10 честички, со измерени 140 единици, а веднаш по него се Гевгелија со 85 и Гостивар со 83. Овие вредности покажуваат дека квалитетот на воздухот во овие градови е значително полош во попладневните часови според последните мерења.

Другите градови како Кавадарци (76), Тетово (68) и Куманово (61) исто така бележат повисоки нивоа на ПМ10 честички, додека Скопје (27) и Битола (12) остануваат со значително пониски вредности. Граѓаните се советуваат да го следат квалитетот на воздухот и да преземат соодветни мерки за заштита, особено во областите каде загадувањето е најизразено.

Концентрација на ПМ10 честички во воздухот измерена во 05ч. Дозволена количина 50 µg/m³.

Скопје

56µg/m3Лисиче
24µg/m3Миладиновци
17µg/m3Ректорат
10µg/m3Центар
8µg/m3Гази Баба
6µg/m3Карпош

Македонија

38µg/m3Кавадарци
19µg/m3Струмица
18µg/m3Тетово
18µg/m3Гостивар
17µg/m3Велес
15µg/m3Кичево
11µg/m3Гевгелија
7µg/m3Битола
7µg/m3Охрид
4µg/m3Куманово
2µg/m3Лазарополе

Промовирани огласи »

Ќе има ли поскапување на струјата по Нова година?

Прашање кое ги мачи граѓаните!

Ќе има ли поскапување на струјата за домаќинствата по Нoва година? Прашање на кое засега нема одговор, а ги мачи граѓаните. 

Се додека не се заврши тендерот на ЕСМ за снабдување со електрична енергија за една година, цената која е дадена од страна на компанијата и Владата јавно нема да се објави, бидејќи одлуката е донесена на затворена седница на Владата и е класифициран податот.

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски потенцираше дека како Влада водат грижа за стандардот на граѓаните и ќе продолжат со субвенционирањето на струјата за домаќинствата.

Ние се водиме да нема големи пореметувања на стандардот на граѓаните, импликација, од друга страна да продолжиме со субвенционирањето, бидејќи пазарната цена на електричната енергија е околу стотина евра во моментов, а за првпат се спроведува јавна набавка за цела година, не само за половина година. Така што во овој момент не можам да ја кажам цената. Но бидете сигурни дека водиме грижа за стандардот на граѓаните и продолжуваме и понатаму да ја субвенционираме електричната енергија за сите оние, коишто ја добиваат на регулираниот пазар, а тоа се домаќинствата, изјави Мицкоски.

ЕСМ ја достави новата цена на струјата до Владата, која вчера на затворена седница одлучуваше дали предлогот на електрани е прифатлив или пак не е прифатлив. ЕСМ електричната енергија за домаќинствата во моментов ја продава по 62 евра за мегават час. 

Тагови: ЕСМ сметки за струја

Промовирани огласи »

Вработување во Синцеритас!

Погледнете ги сите огласи за вработување во Синцеристас!

„Синцеритас“ АД Скопје е фармацевтска компанија чиј фокус на работење е култивирањето и производството на канабис за медицинска намена. Работните практики и политики во нашата компанија се усогласени со највисоките домашни и европски стандарди во фармацевтската индустрија (ISO, GACP, GMP) со цел производство на сув цвет и на масло од канабис со висока чистота и различни концентрации на CBD и THC.

Моментално вработува:

Аналитичар во лабораторија за фармацевтски анализи
Фармацевт во оддел за осигурување на квалитет
Сениор Аналитичар во микробиолошка лабораторија
QP - Квалификувано лице

Се уште невработени?! Сите останати активни работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Тагови: СИНЦЕРИТАС АД Скопје

Промовирани огласи »

Вистинскиот успех денес: Да имаш време и за себе

Тивката револуција: Луѓето конечно сфаќаат што значи да си навистина успешен

Со години успехот се мереше во бројки – плата, позиција, титула, преполни календари и работни денови без пауза. Но времињата се променија, а со нив и нашето разбирање за тоа што навистина значи да бидеш успешен.

Денес, се повеќе луѓе сфаќаат дека вистинската победа не е во тоа колку работиш, туку како живееш. Балансот меѓу професионалните цели и личното благосостојба станува клучен индикатор за квалитет на живот и најголемата инвестиција во сопствениот раст.

Зошто времето за себе е новиот „луксуз“ што сите го бараат?

Менталната јасност ги создава најдобрите резултати: Одморениот човек размислува подобро, создава повеќе и носи поквалитетни одлуки.

Преоптовареноста не е знак за посветеност туку аларм: Современиот професионалец учи да поставува граници, да каже „денес доста“ и да продолжи утре со повеќе енергија.

Квалитетниот живот го зголемува професионалниот успех: Луѓето што имаат време за семејство, хобија и одмор се покреативни, помотивирани и многу лојални кон компанијата што го овозможува тоа.

Балансот не е слабост – туку стратегија

Организациите веќе гледаат дека доброто управување со работното време, флексибилните модели и поддршката за личен развој носат подобри резултати од 12-часовни работни денови.

А луѓето? Сѐ повеќе одбираат работни места кои го почитуваат нивното време – затоа што успехот денес не е да го потрошиш животот на работа, туку да имаш работа која ти дозволува да го живееш животот.

Вистинскиот успех денес е едноставен: Да имаш време за себе, за оние што ги сакаш и за живот што не поминува само во рокови и состаноци.

Прочитај и за: Кариерни лекции што никој не ве учи

Тагови: HR совети за работа работен баланс

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »