Помлад соработник во сметководство и финансии

Објавенпред еден час
Активен до08.12.2026
ПозицијаЕкономист/Сметководител/Ревизор
ЛокацијаСкопје
Телефон+38923094590
За компанијата

СТУДИО МОДЕРНА ДООЕЛ Скопје е дел од меѓународната групација Studio Moderna и една од водечките компании за мултиканална продажба на производи за домот, здравјето, удобноста и секојдневниот живот. Со повеќе... Повеќе за компанијата »

Опис на огласот

Помлад соработник во сметководство и финансии 

Studio Moderna Македонија има потреба од мотивирана, организирана и одговорна личност за работната позиција на помлад соработник, која ќе биде дел од нашиот Финансиски тим. 

Доколку си на почетокот на својата кариера во сметководството, имаш желба за учење, внимание на детали и сакаш да се развиваш во професионална и динамична работна средина, те покануваме да аплицираш. 

Главни одговорности: 

  • Внесување и книжење на влезни и излезни фактури. 
  • Проверка и обработка на сметководствена документација. 
  • Евидентирање на банкарски изводи и готовински трансакции. 
  • Следење и усогласување на салда со добавувачи и купувачи. 
  • Архивирање и организирање на финансиска документација. 
  • Поддршка при подготовка на ДДВ пријави и други даночни евиденции. 
  • Поддршка при месечни и годишни сметководствени затворања. 
  • Комуникација и координација со останатите сектори во компанијата. 

Потребни квалификации: 

  • Завршено високо образование од областа на економија, финансии или сметководство (предност). 
  • Основно познавање на сметководствени принципи и финансиска документација. 
  • Познавање на MS Excel и MS Office. 
  • Организираност, прецизност и одговорност во работењето. 
  • Аналитички способности и внимание на детали. 
  • Мотивираност за учење и професионален развој. 
  • Претходно работно искуство е предност, но не е задолжително. 

Што нудиме: 

  • Можност за професионален развој и надградување на знаењата. 
  • Практична работа и менторска поддршка од искусен финансиски тим. 
  • Работа во динамична и мултиканална компанија. 
  • Можност за долгорочна кариера и напредување. 
  • Конкурентен пакет на примања согласно квалификациите и искуството. 

Доколку сакаш да ја започнеш својата кариера во сметководство и да станеш дел од нашиот тим, Вашата биографија испратете ја преку копчето Аплицирај подолу.

Аплицирај за огласот

KARIERA.mk
Провери ја поштата по аплицирањето за потврда.

CV за апликацијата

Изберете едно CV кое ќе биде испратено со апликацијата.

Други фајлови

Дополнителни документи за оваа апликација (не се задолжителни).

Слични огласи за работа

Повеќе

Едукација и обуки

Повеќе