Во училиштата нѐ учат формули, дати и дефиниции но не нѐ учат како да ја градиме сопствената кариера. Повеќето важни лекции ги учиме сами, по пат, понекогаш на потешкиот начин. Еве неколку вистински кариерни сознанија што ретко кој ги кажува гласно, а вредат злато.
1. Никој нема да се грижи за твојата кариера повеќе од тебе
Колку и да имаш одличен менаџер, ментор или тим на крајот, само ти си таа личност што треба да се избори за следниот чекор. Барај можности, не чекај да ти ги дадат.
2. Талентот е важен, но доследноста победува
Не победува најпаметниот, победува оној што не се откажува. Малите, упорни чекори секој ден прават повеќе отколку ретки „експлозии“ на мотивација.
3. Никој не чита долги CV-а, сите бараат јасни резултати
Поентата не е да импресионираш со текст, туку со конкретни проекти и постигнувања што покажуваат што можеш.
4. Грешките не се срам - туку инвестиција
Секој пад е доказ дека си пробал нешто ново. Луѓето што никогаш не грешат, најчесто не се ни движат напред.
5. Вештините за комуникација се еднакво важни како и техничките
Како кажуваш нешто често е поважно од тоа што го кажуваш. Доброто комуницирање ти отвора врати што ни диплома не може.
6. Не мора секогаш да се согласуваш, професионалност не значи тишина
Ако имаш идеја или став, кажи го. Премногу „да, да, во ред е“ држи многу таленти во сенка.
7. Одморот е стратегија, не слабост
Заморот не е херојство. Паметно менаџираниот баланс е тоа што го одржува квалитетот на долги патеки.
Кариерата не е права линија, туку колекција од избори, лекции, ризици и нови почетоци. Колку побрзо прифатиш дека никој нема „совршена формула“, толку побрзо ќе си ја создадеш сопствената. На крајот, најважната лекција е оваа: не се споредувај, туку расти во свој ритам, во своја насока.
Прочитај и за: Пет научно поддржани начини за победа над мрзеливоста
Тагови: HR совети за работа