Работник за обезбедување

Објавенпред 6 часа
Активен до11.12.2026
ПозицијаОбезбедување
ЛокацијаСкопје
Телефон02/2523523
Веб-страницаmikei.mk

Опис на огласот

Чувар - Работник за обезбедување

Главни одговорности и обврски:

  • Редовна евиденција на посетители и возила, како и упатување на истите до потребните локации.
  • Континуирано надгледување на комплексот, правење на редовни обиколки, со посебен акцент во ноќната смена.
  • Реагирање на аларми и безбедносни инциденти со брза и ефективна интервенција.
  • Водење на дневни и ноќни извештаи за случувањата во рамките на комплексот.
  • Помош при паркирање и организација на просторот за возила.

Очекувани квалификации:

  • Завршено најмалку средно образование.
  • Валидна возачка дозвола - Б категорија.
  • Предност ќе имаат кандидатите со претходно искуство на истата или слична позиција.

Потребни способности и вештини:

  • Познавање на основни процедури за вонредни состојби.
  • Основно познавање на англиски јазик.
  • Способност за работа во смени.
  • Професионален и одговорен однос кон работата.
  • Лојалност, доверливост и енергичност во исполнување на обврските.

Компанијата за своите вработени нуди:

  • Договор на неопределено време.
  • Платена храна - два оброци и пијалоци во текот на смената.
  • Конкурентна плата со дополнителна исплата за ноќен труд, работа во недела и празници
  • Одлични услови за работа во пријатна атмосфера и можност за професионален напредок

Заинтересирани апликанти, вашата биографија испратете ја преку копчето Аплицирај подолу или на е-маил: [најави се за да го видиш е-маилот]  со фотографија.

За повеќе информации јавете се на тел. 02/ 2523-523 секој работен ден од 8:30 до 16:00 часот.

Аплицирај за огласот

KARIERA.mk
Провери ја поштата по аплицирањето за потврда.

CV за апликацијата

Изберете едно CV кое ќе биде испратено со апликацијата.

Слични огласи за работа

Повеќе

Едукација и обуки

Повеќе