Европа се соочува со предизвикот на долгорочната невработеност, бидејќи бројот на невработени кои се без работа повеќе од една година достигна 4,2 милиони луѓе во 2024 година, според Европската статистичка служба (Евростат). Овие лица, кои се на возраст од 15 до 74 години, претставуваат секој трети невработен Европеец.
Стапката на долгорочна невработеност во Европската Унија во 2024 година изнесуваше 1,9 отсто, со значајни разлики меѓу различни региони. Во 82 од вкупно 195-ти статистички региони на ЕУ стапката надмина европскиот просек, додека во 106 беше под него, а во седум региони стапката беше на ниво на просекот.
Највисоки стапки се забележани во јужните земји на ЕУ и некои надворешни европски региони. Во шпанските автономни региони Мелиља и Сеута, долгорочната невработеност достигна 16,3% и 15,8% соодветно. Во италијанските региони Кампања, Калабрија и Сицилија стапката беше значајно висока, додека неколку региони во Чешка и Холандија достигнаа најниски стапки од 0,4%.
Тагови: Европа Евростат невработеност