Промовирани огласи »

Шокантни статистики: 40% од младите во Македонија на возраст до 18 години се пушачи, почнуваат со овој порок уште на 13 години

Aнализите сведочат дека младите во Македонија покажуваат сериозна стапка на пушење.

Превенцијата во рана возраст е клучна за одбегнување на злоупотребата на штетните материи како алкохол, цигари и дрога, а образованиот процес е најдобар начин за превенција и одбегнување на злоупотребата на штетните материи, изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска во рамки на регионалната работилница. „Јакнење на соработката меѓу медиумите, експертите и институциите за подобри политики за контрола на тутунот и заштита на јавното здравје во Западен Балкан“, во организација на Аналитика тинк-тенк.

На оваа регионална работилница се зборува за една горлива и многу сериозна тема, злоупотребата на тутунот и електронските цигари кај младите. Она што е навистина поразително е штетното влијание на здравјето. Тоа мора да го превенираме и Министерството за образование и наука и Владата преземаат определени чекори првенствено за превенција, за да ги избегнеме трошоците за лекување во подоцнежите години, нагласи Јаневска.

Таа потсети дека новина од оваа година е воведување на предметот „Учам за моето здравје“.

Она што го правиме во образованието, кое всушност е најдобар начин за превенција и одбегнување на злоупотребата на штетните материи, е дека и во основното и во средното образование во различни предмети се присутни теми за здравствена писменост. И еве една новина во седмо одделение, оваа година е воведен изборен предмет ‘Учам за моето здравје’, рече Јаневска.

Министерката истакна дека во новите законски решенија за основно и средно образование ги задолжиле училиштата да спроведуваат програми против дискриминација, против насилство, против малолетничка деликвенција, но и против злоупотреба на овие супстанции – тутунот, алкохолот и дрогата.

Дополнително во изминатиот период е почната една програма со Канцеларијата за борба против дрога и криминал на ОН и со Меѓународната фондација Лајонс клуб за превенција од ваквите негативни појави, која се вика „Вештина за адолесценција“, и која беше запрена во перидот на ковидот. За жал минатата влада не покажала интерес оваа програма да продолжи. Во неа треба да се обучат 50 стручни соработници и 150 наставници, во 50 училишта како да се превенираат несаканите појави во училиштата. Оваа влада реши да ја продолжи оваа програма и обуката на крајот на оваа година продолжува за да можеме да ја оствариме својата цел, информира Јаневска.

Тамара Мијовиќ Спасова од Аналитика тинк-тенк истакна дека Македонија сè уште се рангира како земја со една од повисоките стапки на пушење.

Факт што нас нè загрижува е што нашите анализи покажуваат дека младите во Македонија покажуваат сериозна стапка на пушење. Она што можеме да го направиме и како тинк тенк, и како цело општество, е да реагираме соодветно. Прво на младите под 18 години – анализите ни покажуваат дека им се забранува продажба и при продавање значи треба да се почитува законската регулатива. Најважна е и едукацијата и превенцијата да почнуваат од многу рана возраст. Од рано да ги едуцираме младите дека генерално пушењето е штетно и да развиваат пиозитивни навики, рече таа.

Според неа, она што е најфрапантно е тоа што анализите покажуваат дека веќе на 13-годишна возраст младите почнуваат да пушат.

И штом толку мали ја почнуваат таа навика, значи веќе многу е веројатно дека тие веќе и во нивниот подоцнежен период ќе останат пушачи. Четириесет проценти од младите што се до 18 години, пушат. Затоа кажав дека бројките се алармантни. Треба да работиме на превенција на овие лоши навики, а не пак да имаат претстава дека новите производи што се нудат на пазарот, како електронските цигари, се некоја безбедна варијанта којашто нема да им пречи. А според новите студии, сепак не се толку безбедна варијанта на цигарите, рече Мијовиќ Спасова.

Тагови: Македонија деца пушачи

Промовирани огласи »

Youth to Business (Y2B): Инклузивни можности за младите во бизнис светот

Бевме дел од инспиративниот Y2B настан во Среќа бар, каде младите се сретнаа со компании за практиканства и работа. 🌱 Панел дискусијата за инклузивноста на компаниите отвори важни прашања, а учесниците добија директен пристап до нови можности за кариера.

✨ Бевме дел од уште едно инспиративно поврзување на младите и бизнис заедницата – Y2B (Youth to Business event)!

📍 Настанот се одржа во Среќа бар, Скопје, во рамки на програмата „Зајакнување на младите преку нови можности 2“, што ја имплементира СОС Детско Село со поддршка од Министерството за економска соработка и развој на Сојузна Република Германија и Фондацијата Херман Гмајнер.

🎤 Централниот дел на настанот беше панел дискусијата на тема „Дали компаниите се доволно инклузивни во однос на младите од ранливите категории?“, која отвори значајни прашања и даде нови перспективи.

🤝 Потоа компаниите ги претставија своите отворени можности за практиканство и вработување, овозможувајќи им на младите учесници директен пристап до шанси за развој и кариера.

🌱 Овој настан е уште еден чекор во градењето на мостот меѓу младите и бизнис заедницата – затоа што веруваме дека инклузивноста, можностите и вмрежувањето се клуч за иднината.

Тагови: настани нова работа СОС Детско село

Промовирани огласи »

Форбс открива неверојатни информации за богатството на Илон Маск

Најбогатиот човек на светот далеку пред останатите на листата❗

Милијардерот Илон Маск, најбогатиот човек во светот, накратко надмина 500 милијарди долари, објави списанието Форбс во среда.

Нето вредноста на шефот на Тесла и Спејс Екс достигна 500,1 милијарда долари во среда, пред да падне на 499,1 милијарда долари, според листата „Милијардери во реално време“ на Форбс.

На листата на Форбс, по него следуваат ко-основачот на Оракл, Лари Елисон, со богатство од 350,7 милијарди долари, и извршниот директор на Мета, Марк Закерберг, со богатство од 245,8 милијарди долари.

По дипломирањето на Универзитетот во Пенсилванија и напуштањето на Стенфорд, Илон Маск ја продаде компанијата за софтвер за онлајн издаваштво на производителот на компјутери Компак во 1999 година за повеќе од 300 милиони долари.

Неговата следна компанија на крајот се спои со PayPal. Откако го напушти PayPal, овој јужноафрикански претприемач го основа Спејс Екс во 2002 година и се приклучи на Тесла во 2004 година.

Тагови: Илон Маск Форбс

Промовирани огласи »

Како природно да го зголемите железото преку храна

Железото е еден од клучните минерали за нашето тело – учествува во создавање на хемоглобинот и транспорт на кислород во крвта

Железото е еден од клучните минерали за нашето тело – учествува во создавање на хемоглобинот и транспорт на кислород во крвта. Кога нивото на железо е ниско, можеме да почувствуваме замор, вртоглавици и намалена концентрација. Добрата вест е дека исхраната игра голема улога во регулирањето на железото.

Намирници богати со железо

Црвено месо (говедско, телешко, јагнешко)

Богат извор на хем-железо кое организмот лесно го апсорбира.

Риба и морски плодови

Туна, сардини, лосос и школки се одлични извори на железо и протеини.

Зелен лиснат зеленчук

Спанаќ, блитва и кељ содржат железо и дополнителни витамини корисни за крвта.

Мешунки

Леќа, грав, наут и грашок се растителни извори на железо, одлични за вегетаријанци и вегани.

Јаткасти плодови и семки

Бадеми, индиски ореви, семки од тиква и сончоглед – лесни за комбинирање како ужинка.

Суво овошје

Суви сливи, суво грозје и урми не само што се богати со железо, туку и со природни шеќери и влакна.

Регулирањето на ниското железо започнува од правилната исхрана. Вклучувајќи разновидни намирници богати со железо и комбинирајќи ги со витамин Ц, можете природно да го зголемите нивото на железо и да ја подобрите вашата енергија и здравје. Доколку симптомите се посериозни, секогаш е добро да се консултирате со лекар за дополнителни совети и анализа.

Тагови: вежбање здрава храна здравје ниско железо

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »