Промовирани огласи »

Размислувате да дадете отказ - како да го направите тоа професионално

Да се одлучите да дадете отказ никогаш не е лесно – било да станува збор за нова можност, незадоволство или потреба за промена

Да се одлучите да дадете отказ никогаш не е лесно – било да станува збор за нова можност, незадоволство или потреба за промена. Но начинот на кој ќе го направите тоа може да остави траен впечаток и да влијае на вашата понатамошна кариера. Еве како да ја завршите оваа фаза професионално и со почит.

Донесете ја одлуката со трезвена глава

Пред да поднесете оставка, размислете внимателно за причините. Дали е тоа моментален стрес, недоразбирање или долгорочно незадоволство? Важно е да бидете сигурни дека ја носите одлуката рационално, не во афект. Ако имате доверлив колега или ментор, добро е да се консултирате со него пред финалната одлука.

Известете го работодавецот навреме и со почит

Најпрофесионално е да ја најавите оставката најмалку две недели однапред. Направете го тоа лично или преку краток формален состанок. Објаснете ја вашата одлука мирно и искрено, без обвинувања или емоции. Дури и ако не сте задоволни, задржете тон на благодарност – тоа покажува зрелост и карактер.

Завршете ги обврските и оставете позитивен впечаток

Последните денови на работа искористете ги за да ги пренесете обврските на колегите и да ја олесните транзицијата. Подгответе кратка документација или насоки за лицето што ќе ја преземе вашата позиција. Со тоа покажувате одговорност и професионализам – нешто што секој идeн работодавач високо го цени.

Начинот на кој заминувате од компанија често зборува повеќе за вас отколку начинот на кој сте дошле. Затоа, останете професионални до последниот ден – вашата репутација е највредното нешто што ја следи вашата кариера.

Тагови: работни навики давање отказ

Промовирани огласи »

Законските измени веќе се во собраниска процедура, а нивното спроведување се очекува да има директни позитивни ефекти врз економијата и работењето на домашните компании, велат од МФ.

Околу 4 милиони денари месечно (65 илјади евра), колку што во одредени периоди изнесува прометот кон странските онлајн платформи, ќе се пренасочат кон домашното стопанство со укинувањето на ослободувањето од ДДВ за онлајн пратки во вредност до 22 евра, посочуваат од Министерството за финансии. Законските измени веќе се во собраниска процедура, а нивното спроведување се очекува да има директни позитивни ефекти врз економијата и работењето на домашните компании.

Овие средства ќе придонесат за развој на локалните компании, отворање нови работни места и исплата на повисоки плати на вработените. Ова претставува значаен чекор во заштита и поддршка на домашната економија, особено во услови на зголемена глобализација и дигитална трговија. Дополнително, измените ќе помогнат во намалување на сивата економија, имајќи предвид дека досегашниот систем овозможуваше злоупотреби – односно увоз на стока ослободена од данок што понатаму се продава на домашниот пазар. Со оваа измена, државата праќа јасен сигнал на поддршка за домашните компании што создаваат додадена вредност и вработуваат граѓани во земјата – посочуваат од МФ.

Тагови: данок Министерството за финансии Тему

Промовирани огласи »

Намалена цената на струјата за фирмите, за домаќинствата е минимално зголемена во првата половина од годинава

Според Државниот завод за статистика, во првата половина од 2025 година кај домаќинствата, просечната цена на струјата е зголемена за 0.7%. Еве за колку била намалена за компаниите!

Во првата половина од 2025 година, просечната цена на електричната енергија без ДДВ за крајните потрошувачи, освен домаќинствата, се движела меѓу 5,611 и 15,403 денари за киловат-час, во зависност од потрошувачката категорија. Според Државниот завод за статистика, просечната цена изнесувала 7,945 денари за киловат-час, што претставува намалување од 8,7 проценти во однос на второто полугодие од 2024 година.

Кај домаќинствата, просечната цена на струјата во истиот период изнесувала 7,271 денари по киловат-час, што е зголемување од 0,7 проценти во однос на претходното полугодие.

Кога станува збор за природниот гас, неговата просечна цена без ДДВ за крајните потрошувачи, освен домаќинствата, се движела меѓу 881,518 и 1 538,014 денари за гигаџул, додека за домаќинствата изнесувала 2 065,145 денари за гигаџул.

Од Заводот дополнително појаснуваат дека, во зависност од просечната годишна потрошувачка, цената на електричната енергија за деловните корисници се намалила до 13,7 проценти или се зголемила до 9,4 проценти, додека цената на природниот гас пораснала од 3,6 до 10,2 проценти, зависно од групата на потрошувачи.

Тагови: сметки за струја фирми

Промовирани огласи »

Вработување во А1 Македонија!

Огласи за работа во А1 Македонија!

Компанијата А1 Македонија е дел од Групацијата А1 Телеком Австрија – водечки провајдер на комуникациски и дигитални решенија во Централна и Источна Европа. Како дел од оваа реномирана групација, А1 Македонија нуди иновативни услуги и решенија кои ги следат најновите технолошки трендови, со цел да им овозможи на корисниците подобро поврзување, поголема ефикасност и подобрено дигитално искуство.

Моментално вработува:

Segregation of Duties (SoD) Expert/Specialist
Data Engineer (f/m/d)
Business Services Owner Procure to Pay (f/m/d)
SAP Sales IT Senior Specialist
DevOps Engineer (Go+Linux) (f/m/d)

Сите останати огласи од А1 Македонија можете да ги најдете ТУКА.

Се уште невработени?! Сите останати активни работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Тагови: А1 Македонија ДООЕЛ Скопје

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »