Промовирани огласи »

До домот кој го посакуваш со само 10% учество - Нов поволен станбен кредит од УНИБанка

Нов стан? Нов почеток? Со УНИБанка можеш полесно од кога било!

За новите генерации, Millennials и Gen Z, да се поседува сопствен дом, навидум изгледа како нешто далечно и недостижно, па го одложуваат купувањето на својот прв дом и се определуваат за изнајмување или заедничко живеење со блиски луѓе.

Причините се најразлични, културолошки, поради несигурни идни приходи, нерешителност, но понекогаш и поради нефлексибилноста на финансиските институции, кои немаат прилагодени кредитни продукти за млади луѓе.

Токму ова го антиципира УНИБанка која како динамична и современа Банка, на пазарот воведе станбен кредит кој е прилагоден на потребите на младите, на динамичното опкружување и кој дава предвидливост во процесот на отплата. Кредитот е со рок на отплата 30 години, каматна стапка од 3,9% за целиот период на отплата, фиксна 12 години, без административен трошок и со учество од само 10%. А со вклучување на ризико осигурување постои можност да се дојде и до пониска каматна стапка. УНИБанка создаде кредит кој е во согласност со насоките на Народна Банка, да се креираат кредитни решенија кои се поволни, достапни и прилагодени на младите генерации.

Со достапноста на овој продукт УНИБанка уште еднаш потврдува дека е финансиска институција која се грижи за младите и им овозможува побрзо и полесно да дојдат до сопствен дом.

Аплицирањето е едноставно, може и онлајн, и без стрес да се заврши целата процедура.

Самостојното живеење носи поголема приватност, чувство на независност и личен простор кој може да се обликува според сопствените преференции, темел за личен раст, одговорност и самодоверба.

УНИБанка ги охрабрува сегашните генерации да тргнат кон остварување на своите цели и да дојдат до сопствен дом, затоа што токму тоа е патот кон стабилност и сигурна визија за иднината.

Тагови: УНИ БАНКА АД

Промовирани огласи »

Дополнителен повик од МОН за субвенциониран студентски оброк

МОН објавува втор повик за студентите кои го пропуштиле првиот рок за пријавување за субвенциониран оброк. Аплицирајте до 16 ноември и обезбедете финансиска поддршка.

Сите студенти кои го испуштија рокот за пријавување за субвенциониран студентски оброк од 1 до 5 ноември, добиваат втора шанса од Министерството за образование и наука. Министерството објави дополнителен рок за пријавување кој трае од 13 до 16 ноември 2025 година.

За пријавување, кандидатите треба да се регистрираат електронски на овој линк. Во апликацијата потребно е да се пополнат обрасците за Пријава за стекнување со право на субвенциониран студентски оброк и Изјава за точност на внесените податоци. Пополнетите и потпишани обрасци се прикачуваат преку наведениот линк.

Средствата од субвенционираниот оброк ќе бидат достапни во месецот што следи по завршувањето на месецот на пријавување. За дополнителни информации, студентите можат да се обратат на контактот: subvencioniran.obrok@mon.gov.mk. Линк до Јавен повик за академската 2025/2026 година.

Тагови: Министерство за образование и наука - МОН студентски оброк

Промовирани огласи »

Кариера во раст: стратегии што навистина функционираат

Време е да блеснете: тајните на луѓето што постојано растат

Секој сака да напредува во кариерата — но вистинскиот раст не се случува случајно. Тој е резултат на јасна стратегија, постојано учење и подготвеност да се излезе од комфорната зона.

Во продолжение споделуваме неколку стратегии што навистина функционираат кога станува збор за градење успешна и стабилна кариера.

1. Поставете јасни цели

Не можете да стигнете до дестинација што не ја знаете. Направете план: каде сакате да бидете за една, три или пет години? Запишете ги целите и дефинирајте ги конкретните чекори што ќе ве доведат таму – било тоа да е нова обука, лидерска улога или промена на сектор.

2. Инвестирајте во знаење

Пазарот на труд се менува брзо – а професионалците кои учат и се надградуваат постојано, се оние што најбрзо растат. Посетувајте обуки, сертификации, работилници и вебинари. Дури и кратки курсеви можат да направат голема разлика во вашето CV и самодоверба.

3. Градете професионални односи

Кариерата не е само што знаете, туку и кого познавате. Поврзете се со колеги, менаџери и луѓе од вашата индустрија. Бидете активни на професионални платформи, споделувајте мислења и поддржувајте други – затоа што секоја препорака и контакт може да отвори нова врата.

4. Побарајте нови предизвици

Не чекајте некој да ви даде можност – побарајте ја. Преземете иницијатива за нови проекти, волонтирајте за задачи надвор од вашата улога и покажете дека сте подготвени за повеќе. Така расте и вашиот кредибилитет, и вашиот потенцијал за унапредување.

5. Побарајте фидбек – и прифатете го

Најуспешните професионалци не се оние што никогаш не грешат, туку оние што постојано учат од своите искуства. Побарајте искрен фидбек од менаџерот или колегите и искористете го за подобрување. Токму тоа е првиот чекор кон вистински раст.

Совет од KARIERA.mk: Напредокот започнува со мали, но постојани чекори. Ако сте подготвени за следната етапа во вашата кариера – започнете со пребарување на нови можности денес на KARIERA.mk

Прочитајте и за: Што мора а што не треба да содржи едно добро мотивационо писмо

Тагови: HR совети за работа напредување во кариера

Промовирани огласи »

Бислимовски: Без очекувано поскапување на дистрибуцијата на струја

Претседателот на РКЕ, Бислимовски, уверува дека нема да има поместувања во цените на електричната енергија за пренос и дистрибуција.

До крајот на сегашниот или почетокот на следниот месец, Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) ќе ги објави новите цени за пренос и дистрибуција на електрична енергија. Претседателот на РКЕ, Марко Бислимовски, изјави дека не очекува никакви зголемувања во овие сегменти.

МЕПСО побара минимално зголемување од 0,67 проценти за пренос на електрична енергија, додека операторот на пазарот не побара никакво зголемување. Електродистрибуција, исто така, нема спомнато промени, очекувајќи ги резултатите од тендерот за набавка на загубите на електрична енергија, изјави Бислимовски, на конференцијата МАРЕС.

Од МЕПСО, пак, посочуваат дека не очекуваат никакви испади во текот на зимскиот период, благодарение на континуираните инвестиции во инфраструктурата. Александар Пауноски изјави дека вложуваат во повеќе проекти, меѓу кои и далекуводот ПрилепБитола и интерконекцијата со Албанија, осигурувајќи непрекинато снабдување со електрична енергија.

Тагови: Марко Бислимовски Регулаторната комисија за енергетика-(РКЕ)

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »