Данска го прави првиот чекор кон ограничување на користењето на социјалните медиуми за младите, со воведување минимална возрасна граница од 15 години. Оваа одлука е резултат на загриженоста за менталното здравје на младите, кои се под голем притисок од влијанието на интернет платформите. Минималната возрасна граница е поддржана од мнозинството во парламентот, но сè уште не е прецизирано на кои платформи ќе се однесува.
Во меѓувреме, Австралија презема слични мерки, подготвувајќи се за казни за компании што ќе дозволат деца под 16 години да креираат профили. Хрватска, од друга страна, прави промени во правилникот за користење на мобилни телефони во училиштата, додека Македонија се уште размислува за слични чекори.
Во Македонија, слични дискусии беа иницирани минатата година, поради трендови на популарни платформи како Тик-Ток кои резултираа со повреди. Иако либерално настроените западни земји се воздржуваат од целосни забрани, интервенции за заштита на младите се повеќе се разгледуваат. Прашањето е колку е Македонија подготвена за вакви процеси и дали ќе следи по стапките на Данска и Австралија.
Тагови: Данска деца Македонија социјални мрежи