Промовирани огласи »

Данска забранува социјални мрежи за деца под 15 години: Дали Македонија е спремна за таков потег?

Данска ја воведува минималната возрасна граница за социјални мрежи да ги зачува младите, додека Македонија размислува за сличен чекор.

Данска го прави првиот чекор кон ограничување на користењето на социјалните медиуми за младите, со воведување минимална возрасна граница од 15 години. Оваа одлука е резултат на загриженоста за менталното здравје на младите, кои се под голем притисок од влијанието на интернет платформите. Минималната возрасна граница е поддржана од мнозинството во парламентот, но сè уште не е прецизирано на кои платформи ќе се однесува.

Во меѓувреме, Австралија презема слични мерки, подготвувајќи се за казни за компании што ќе дозволат деца под 16 години да креираат профили. Хрватска, од друга страна, прави промени во правилникот за користење на мобилни телефони во училиштата, додека Македонија се уште размислува за слични чекори.

Во Македонија, слични дискусии беа иницирани минатата година, поради трендови на популарни платформи како Тик-Ток кои резултираа со повреди. Иако либерално настроените западни земји се воздржуваат од целосни забрани, интервенции за заштита на младите се повеќе се разгледуваат. Прашањето е колку е Македонија подготвена за вакви процеси и дали ќе следи по стапките на Данска и Австралија.

Тагови: Данска деца Македонија социјални мрежи

Промовирани огласи »

Вработување во ЛЕАР КОРПОРАЦИЈА!

Погледнете ги сите огласи за вработување во ЛЕАР КОРПОРАЦИЈА

ЛЕАР КОРПОРАЦИЈА е комопанија која се бави со производство на автомобилски навлаки и седишта во ТИРЗ - Тетово.

Моментално вработува:

Materials Administrator- Logistics center in Skopje office
MP&L Manager –Logistic Center in Skopje Office
Materials Supervisor - Logistics center in Skopje office
Material Planner - Logistics center in Skopje office
Оператор во кројачница
Materials Planner - Тетово
Оператор на машина за шиење

Се уште невработени?! Сите останати работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Тагови: Lear Corporation Macedonia DOOEL Tetovo

Промовирани огласи »

Календар со неработни денови за 2026 година

Еве колку неработни денови нѐ очекуваат во 2026 година

Во 2026 година ни се најавуваат повеќе продолжени викенди отколку во претстојната 2025 година.

Проверете кои денови се официјално неработни и кои ќе ни овозможат подолги викенди за одмор!

Според Законот за празниците на Република Македонија, во 2026 година следните денови ќе бидат неработни:

За да ја преземете сликата кликнете ТУКА.

За сите граѓани на РМ:

  • 1 јануари (четврток), Нова Година,
  • 7 јануари (среда), Божиќ, првиот ден на Божиќ според православниот календар,
  • 20 март (петок), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам.
  • 13 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар,
  • 1 мај (петок), Ден на трудот,
  • 24 мај (недела), „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители, односно 25 мај (понеделник) е неработен ден,
  • 2 август (недела), Илинден, односно 3 август (понеделник) е неработен ден,
  • 8 септември (вторник), Ден на независноста,
  • 11 октомври (недела), Ден на народното востание, односно 12 октомври (понеделник) е неработен ден,
  • 23 октомври (петок), Ден на македонската револуционерна борба,
  • 8 декември (вторник), „Св. Климент Охридски“.

За граѓаните од православна вероисповед

  • 6 јануари (вторник), Бадник, ден пред Божиќ,
  • 19 јануари (понеделник), Богојавление (Водици),
  • 10 април (петок), Велики Петок, петок пред Велигден,
  • 29 мај (петок), Духовден, петок пред Духовден,
  • 28 август (петок), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).

За граѓаните од католичка вероисповед

  • 6 aприл (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден,
  • 1 ноември (недела), Празникот на сите светци,
  • 25 декември (петок), првиот ден на Божиќ.

За граѓаните од муслиманска вероисповед

  • 27 мај (среда), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам.
  • За граѓаните припадници на албанската заедница
  • 22 ноември (недела), Ден на албанската азбука.
  • За граѓаните припадници на српската заедница
  • 27 јануари (вторник), Свети Сава.

За граѓаните припадници на ромската заедница

  • 8 април (среда), Меѓународен ден на Ромите.

За граѓаните припадници на влашката заедница

  • 23 мај (сабота), Национален ден на Власите.

За граѓаните припадници на еврејската заедница

  • 21 септември (понеделник), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур.

За граѓаните припадници на бошњачката заедница

  • 28 септември (понеделник), Меѓународен ден на Бошњаците.

За граѓаните припадници на турската заедница

  • 21 декември (понеделник), Ден на настава на турски јазик.

Тагови: неработни денови

Промовирани огласи »

До домот кој го посакуваш со само 10% учество - Нов поволен станбен кредит од УНИБанка

Нов стан? Нов почеток? Со УНИБанка можеш полесно од кога било!

За новите генерации, Millennials и Gen Z, да се поседува сопствен дом, навидум изгледа како нешто далечно и недостижно, па го одложуваат купувањето на својот прв дом и се определуваат за изнајмување или заедничко живеење со блиски луѓе.

Причините се најразлични, културолошки, поради несигурни идни приходи, нерешителност, но понекогаш и поради нефлексибилноста на финансиските институции, кои немаат прилагодени кредитни продукти за млади луѓе.

Токму ова го антиципира УНИБанка која како динамична и современа Банка, на пазарот воведе станбен кредит кој е прилагоден на потребите на младите, на динамичното опкружување и кој дава предвидливост во процесот на отплата. Кредитот е со рок на отплата 30 години, каматна стапка од 3,9% за целиот период на отплата, фиксна 12 години, без административен трошок и со учество од само 10%. А со вклучување на ризико осигурување постои можност да се дојде и до пониска каматна стапка. УНИБанка создаде кредит кој е во согласност со насоките на Народна Банка, да се креираат кредитни решенија кои се поволни, достапни и прилагодени на младите генерации.

Со достапноста на овој продукт УНИБанка уште еднаш потврдува дека е финансиска институција која се грижи за младите и им овозможува побрзо и полесно да дојдат до сопствен дом.

Аплицирањето е едноставно, може и онлајн, и без стрес да се заврши целата процедура.

Самостојното живеење носи поголема приватност, чувство на независност и личен простор кој може да се обликува според сопствените преференции, темел за личен раст, одговорност и самодоверба.

УНИБанка ги охрабрува сегашните генерации да тргнат кон остварување на своите цели и да дојдат до сопствен дом, затоа што токму тоа е патот кон стабилност и сигурна визија за иднината.

Тагови: УНИ БАНКА АД

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »