Промовирани огласи »

Од семејна традиција до модерен бизнис: Како настана приказната за LuxBowlCandles

Секоја свеќа има своја приказна – ова е приказната на Марија Јанкулоска Господов

Која е Марија Јанкулоска Господов и кажи ни нешто повеќе за себе?

Јас сум Марија, имам 29 години и по професија сум професор по англиски јазик. За себе би рекла дека сум креативна личност која секогаш сака да најде нешто интересно и инспиративно со што ќе го исполни своето слободно време.

Од каде дојде идејата да почнеш да изработуваш свеќи и како започна ова хоби?

Идејата за свеќи не ми е нова. Всушност, таа ми е добро позната уште од дома – моите родители веќе повеќе од 20 години имаат семеен бизнис со свеќи. Од нив, а особено од мајка ми Јулијана, научив многу за материјалите и техниката на изработка. Таа беше и сè уште е мојот најголем учител и поддршка.

Освен нив, голема улога во мојата приказна има и мојата свекрва Сузана, која е професионалец за изработката на садовите за свеќите. Секој сад е рачно изработен и уникатен, создаден со многу љубов и внимание.Исто така, секогаш можам да се потпрам на Ана Марија, која е тука за да даде идеи користејќи го својот изострен осет за естетика и детали. сметам дека сме Dream Team.

Морам да спомнам и дека отсекогаш сум била голем љубител на декоративни свеќи. Никогаш не можев да одолеам – секогаш кога ќе видам свеќа што ми се допаѓа, мора да ја купам. Таа љубов со тек на време се претвори во желба и самата да создадам нешто уникатно.

Се сеќаваш ли на твојата прва свеќа? Каква беше и кој мирис го имаше?

Мојата прва свеќа сè уште стои во дневната соба. Ја направив за себе, како пробна. Садот е рачна изработка, а самата свеќа ја украсив со розеви, бели и лилјакови цветови. Мирисот што го одбрав беше лаванда – мојот омилен, кој ми носи мир и спокој.

Процесот на правење на свеќите за мене е вистински момент на смирување. Кога работам, се наоѓам во својот свет, целосно фокусирана на деталите и креативноста, како да бегам од секојдневието.

Колку се достапни материјалите за изработка на свеќи во Македонија?

За среќа, во Македонија денес материјалите за изработка на свеќи се достапни и разновидни. Посебно ме радува што може да се најдат природни и растителни восоци – токму тие се основата на моите производи.

Од каде црпиш инспирација за различни облици и дизајни на свеќи и кои модели се најбарани?

Инспирацијата најчесто ми доаѓа од самите купувачи и нивните желби. Многупати сум имала нарачки со комбинации на бои што првично не би ги споила, а на крај резултатот бил прекрасно изненадување. Секоја свеќа е приказна за себе, со своја енергија и емоција.

Исто така, секогаш сум тука да им помогнам на купувачите при изборот, особено кога се двоумат околу боите или мирисите.

По што се разликуваат твоите свеќи од другите на пазарот?

Моите свеќи се целосно рачна изработка – почнувајќи од садот, па сè до самата свеќа и малите декоративни детали. Користам природен восок и етерични масла кои имаат ароматерапевтски ефект и создаваат пријатна, смирувачка атмосфера. А се разбира се и одличен украс за во соба и уникатен подарок.

Каков совет би им дала на оние кои сакаат да започнат свој мал бизнис?

Мој совет до сите што сакаат да започнат свој мал бизнис е: не плашете се да почнете. Нема совршен момент – најважно е да се направи првиот чекор. Со мали чекори се стигнува до големи цели.

LuxBowlCandles е мал, но значаен семеен бизнис каде што секоја свеќа ја создаваме со љубов, креативност и чувство за детали.

Промовирани огласи »

Секој трет невработен во Европа е невработен повеќе од една година

Според податоците на Евростат, во 2024 година 4,2 милиони луѓе во ЕУ се категоризирани како долгорочно невработени.

Европа се соочува со предизвикот на долгорочната невработеност, бидејќи бројот на невработени кои се без работа повеќе од една година достигна 4,2 милиони луѓе во 2024 година, според Европската статистичка служба (Евростат). Овие лица, кои се на возраст од 15 до 74 години, претставуваат секој трети невработен Европеец.

Стапката на долгорочна невработеност во Европската Унија во 2024 година изнесуваше 1,9 отсто, со значајни разлики меѓу различни региони. Во 82 од вкупно 195-ти статистички региони на ЕУ стапката надмина европскиот просек, додека во 106 беше под него, а во седум региони стапката беше на ниво на просекот.

Највисоки стапки се забележани во јужните земји на ЕУ и некои надворешни европски региони. Во шпанските автономни региони Мелиља и Сеута, долгорочната невработеност достигна 16,3% и 15,8% соодветно. Во италијанските региони Кампања, Калабрија и Сицилија стапката беше значајно висока, додека неколку региони во Чешка и Холандија достигнаа најниски стапки од 0,4%.

Тагови: Европа Евростат невработеност

Промовирани огласи »

Како да го препознаеш моментот кога е време за нова работа

Понекогаш промената не доаѓа ненадејно – таа се најавува низ суптилни знаци кои често ги игнорираме додека не стане предоцна.

Понекогаш промената не доаѓа ненадејно – таа се најавува низ суптилни знаци кои често ги игнорираме додека не стане предоцна. Ако секое утро стануваш без мотивација, чувствуваш дека си „заглавен“ или дека твојот труд не се вреднува, можеби твоето тело и ум веќе ти испраќаат сигнал дека е време за ново професионално поглавје.

Недостаток на мотивација и задоволство

Ако она што некогаш те исполнувало сега ти предизвикува стрес или рамнодушност, тоа е еден од првите индикатори дека работата веќе не те поттикнува. Не е нормално секој ден да биде борба со сопствената волја.

Нема простор за раст и развој

Кога чувствуваш дека си стигнал до „плафон“ – нема нови предизвици, учење или можности за напредок – тоа е јасен знак дека треба да бараш средина која ќе го вреднува твојот потенцијал.

Нарушен баланс помеѓу работа и живот

Ако работата почнува да влијае на твоето здравје, социјален живот или семејство, време е за преиспитување. Ниедна плата не ја оправдува хроничната исцрпеност или незадоволството.

Промената секогаш носи доза на страв, но и можност за нов почеток. Не ја чекај „совршената прилика“ – препознај ги знаците, довери му се на својот инстинкт и направи го првиот чекор кон работа која ќе те исполнува.

Тагови: ментално здравје нова работа работни навики

Промовирани огласи »

Пратениците денес ќе расправаат за оданочување на сите пратки од „Тему“, „Али експрес“…

Денеска се одржува седница на Комисијата за финансирање и буџет со фокус на предложената законска измена за оданочување на пратки под 22 евра, која би зафатила бројни купувачи од странски платформи како 'Тему' и 'Али експрес'.

Пратениците на денешната седница на Комисијата за финансирање и буџет ќе расправаат за измените на Законот за данок на додадена вредност. Според предложената регулатива, се предвидува укинување на ослободувањето од ДДВ за увоз на пратки со мала вредност, со што крај на оваа пракса можат да очекуваат сите пратките со вкупна вредност под 22 евра.

Оваа измена се очекува да изврши удар врз бројните купувачи коишто редовно нарачуваат производи преку популарни меѓународни платформи како што се „Тему“ и „Али експрес“. Поточно, според актуелната законска рамка, производите купени од странство кои имаат вредност под 22 евра не подлежат на даноци, но измените предложени денес би го промениле тоа.

Во законското образложение се истакнува дека ќе се задржи ослободувањето од ДДВ само за пратки од некомерцијална вредност испратени од физичко лице на физичко лице, додека за категориите како алкохол, парфеми и тутун, ослободувањето нема да важи. Оваа измена има за цел да обезбеди посеопфатно оданочување и да го зголеми буџетскиот прилив на средстава од ваквите трансакции.

Тагови: AliExpress пратеници Тему

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »